Секој хороскопски знак во зодијакот има барем по една „моќна боја“, а некои знаци имаат цел спектар на бои кои им помагаат да ги истакнат своите квалитети. Прочитајте која боја може да ви помогне да заблескате.rnrn
rn
Овен
rn
Боја: црвена
rnЦрвената боја се смета дека ги поттикнува акцијата и довербата, што значи дека таа автентично го прикажува стилот на жестоките и енергични овни. Оваа боја го привлекува туѓото внимание и заради тоа припадниците на овој знак обожаваат да носат црвена облека.rn
Бик
rn
Боја: зелена
rnЗелената боја е позната како боја која смирува и дава спокојство. Оваа боја исто така ги претставува и растењето, љубовта, обновувањето, пролетта и просперитетот. Спротивно на ова, биковите треба да ја избегнуваат жолтата боја.rn
Близнаци
rn
Боја: жолта
rnНа енергичните близнаци им одговараат сите светли бои, но најкарактеристична за нив е жолтата боја. Оваа боја го надополнува нивниот оптимизам и младешки дух. Колку повеќе ја носат оваа боја, толку повеќе сакаат да комуницираат.rn
Рак
rn
Бои: бела и сребрена
rnНијансите на месечината, белата и сребрената боја, се боите кои најмногу им одговараат на раковите. Овие бои им помагаат на раковите да ги изразат своите чувства и заради тоа треба почесто да бидат застапени во нивниот плакар.rn
Лав
rn
Бои: златна и портокалова
rnБоите поврзани со моќта, златната и портокаловата, го нагласуваат царството на лавовите. Лавовите се интересираат за туѓите култури и затоа кај нив често може да се забележат златни или бронзени предмети од најразлични култури.rn
Девица
rn
Бои: кафеава, зелена и беж
rnПознато е дека девиците лесно се вознемируваат, па овие земјени бои имаат благотворно и смирувачко дејство врз нивниот темперамент. Токму поради оваа причина, девиците треба постојано да се опкружени со овие бои, а како најдобро решение за тоа е да ги обојат ѕидовите во зелена, светло беж или темно кафена боја.rn
Вага
rn
Боја: сина
rnНа вагите им одговараат сите нијанси на сината боја, од најсветли до најтемни тонови. Оваа боја треба да биде позастапена во нивната облека, но доколку не се љубители на морнарската облека, во својот стил треба да додадат некаков моден детаљ со боја на сафир. Вагите треба да ја избегнуваат црната боја.rn
Скорпија
rn
Бои: црна и црвена
rnМоќните бои на Скорпиите се црната и црвената боја. Познати по својот хипнотизирачки и таинствен поглед, Скорпиите треба да ја истакнат таа карактеристика користејќи го ефектот на „зачадени очи“ и црвен кармин за целосен секси изглед.rn
Стрелец
rn
Бои: пурпурна, костенлива, сива и сина
rnОвие бои им влијаат на стрелците, овозможувајќи им да имаат добра предиспозиција во однос на работите што им се случуваат. Токму различноста и неповрзаноста на боите се вистинскиот избор за стрелците, бидејќи го прикриваат нивниот променлив карактер и не го привлекуваат туѓото внимание. Стрелците треба да ги избегнуваат светлите бои.rn
Јарец
rn
Бои: темно кафеава и зелена
rnКако припадници на земјените знаци, на јарците им одговараат истите земјени бои кои се карактеристични за биковите и девиците. Зелената и темно кафеавата боја можат да ги смират припадниците на овој знак, кои повеќе го сакаат традиционалното отколку егзотичното.rn
Водолија
rn
Бои: тиркизна и сребрена
rnНа возбудливите и имагинативни водолии најмногу им одговараат тиркизната и светкавата сребрена боја, како и сите други нијанси кои потсетуваат на вода. Потенцирајќи го нивниот карактер, овие бои треба почесто да бидат застапени во нивната облека или модни додатоци.rn
Риби
rn
Бои: тиркизна, виолетова, сива, светло црвена и светло портокалова
rnНа замислените Риби кои обожаваат да фантазираат им одговараат сите бои, но најмногу нијансите кои потсетуваат на море, како и студените бои. Од топлите бои им одговараат светло црвената и светло портокаловата. Рибите треба постојано да ги користат овие бои за истакнување на нивните најдобри особини.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
