Честопати ни се случува да ги ставаме туѓите потреби на прво место, а да ги занемаруваме нашите. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите за себе. Секогаш треба да се ставате себеси пред другите. Ако не се грижите самите за себе, никој нема да го стори тоа за вас. Дајте сѐ од себе за да го развивате животот во позитивна насока. Ова се 12-те работи што треба да ги правите за себе за да бидете среќни…
rn
1. Поставете граници
rnМора да ги знаете своите граници, но и да им ги покажете на останатите. Не ги толерирајте луѓето кои ќе ги преминат тие граници. Вие вредите и не дозволувајте никому да ве убеди во спротивното.rn
2. Дајте си одмор кога ќе почувствувате потреба
rnАко ви треба одмор, одморете се. Немојте да се преоптоварувате. И самите можете да почувствувате кога ќе ви дојде премногу.rn
3. Држете се настрана од токсични луѓе
rnНе им дозволувајте на токсичните луѓе да влезат во вашиот живот. Ако некој се обидува да ве повреди, не вреди да го задржите тој човек покрај себе. Најдобро е да се опкружите со позитивни луѓе кои ви даваат сила и поддршка.rn
4. Сакајте се себеси
rnСакајте се себеси целосно. Не му дозволувајте на светот да мисли дека не сте доволно добри, бидејќи тоа не е вистина. Ако некому не му се допаѓа нешто кај вас, тоа е негов проблем, а не ваш.rn
5. Не ги потиснувајте емоциите
rnИскажувајте ги вашите емоции. Ако ги потиснувате, тоа само ќе создаде негативност во вашата околина. Потиснувањето емоции е најлошото нешто што можете да го направите и многу ќе ви наштети во иднина.rn
6. Бидете благодарни за она што го имате
rnНикогаш не земајте ги работите здраво за готово. Можете да изгубите сѐ што имате додека да трепнете. Не заборавајте да им ги возвраќате услугите на луѓето на кои им требате.
rn
7. Поминувајте време надвор
rnИзлезете надвор, почувствувајте ја земјата под вашите стапала. Станете едно со природата. Тоа ќе ве релаксира и ќе ви даде мир. Ако се чувствувате тажни и нервозни, излезете надвор и впијте ја сончевата светлина.rn
8. Медитирајте
rnМедитацијата е најдобриот начин да си го подобрите расположението. Ако медитирате секој ден, ќе почувствувате значителна разлика во вашиот живот. Медитацијата ќе ви помогне да ја подобрите вашата концентрација и да си ги прочистите мислите.rn
9. Споделувајте го вашиот живот со луѓето кои ви значат
rnСподелувајте ги вашите убави моменти со луѓето кои навистина се грижат за вас, кои отсекогаш ве поддржувале и ви помогнале да созреете. Не ги исклучувајте овие луѓе од вашиот живот.rn
10. Секогаш бидете доследни на себе
rnБидете свои и негувајте го вашето вистинско „јас“. Вие сте прекрасни на сите можни начини. Немојте да се газите себеси поради другите луѓе.rn
11. Смејте се што е можно почесто
rnСмејте се повеќе, бидејќи секогаш кога ќе се насмевнете, вашиот организам лачи ендорфин. Освен тоа, смеењето е заразно. Колку повеќе се смеете, толку повеќе ќе се смеат и луѓето околу вас. Ќе си го подобрите вашето, но и расположението на другите.rn
12. Не им дозволувајте на негативните мисли да ве контролираат
rnКолку повеќе контрола им давате на негативните мисли толку потажни ќе бидете. Соочете се со вашите негативни мисли, но не им дозволувајте да ве контролираат. Размислувајте колку што е можно попозитивно.
Доколку сакате да бидете посреќни, прочитајте ги и овие 10 начини да го подобрите вашето ментално здравје.

