КАФЕ ПАУЗА

10 начини да го подобрите вашето ментално здравје

Кога станува збор за здравјето, физичкото и менталното здравје не се наоѓаат на исто место, бидејќи секогаш сметаме дека физичкото е поважно. Но, вистината е дека и менталното здравје е подеднакво важно. Доколку физички сте совршено здрави, но го занемарувате менталното здравје, последиците можат да бидат опасни. Па затоа, погледнете ги овие 10 начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје.rnrnkako-da-go-podobrite-vasheto-mentalno-zdravje-kafepauza.mkrn

1. Немојте да бидете строги кон себе

rnЗа повеќето од нас е сосема нормално да се „искараме“ дури и за најситните грешки. Иако оваа особина понекогаш е добра, важно е приоритет да ви бидат работите кои ги сакате и да бидете понежни со себе. Развијте емпатија кон себе користејќи разни техники, како на пример јогата.rn

2. Грижете се за физичкото здравје

rnВо здраво тело, здрав дух. Физичкото и менталното здравје се поврзани и важно е да се грижите и за двете за да создадете рамнотежа. За да го подобрите менталното здравје, важно е физички да бидете во добра состојба. Легнувајте си порано, јадете здрава храна, избегнувајте алкохол и цигари… ова се само некои од работите кои ќе ви помогнат.rn

3. Имајте добро друштво

rnНекои луѓе имаат активен социјален живот, додека другите не можат секогаш да ги одржат контактите со семејството и со пријателите. Обидете се да се опкружите со луѓе кои имаат позитивно влијание на вас, луѓе кои ќе ве мотивираат и кои ќе ви помагаат.rn

4. Помагајте

rnНудењето помош, но не само парична, туку и одвојување време за таа услуга, и вам ќе ви биде од корист. Ова ќе направи да се чувствувате добро бидејќи сте волонтирале и сте работеле за нешто поголемо од вас.rn

5. Справете се со стресот

rnРечиси никој не знае како да се справи со стресот, кој пак докажано создава проблеми со физичкото и менталното здравје. Почнете со вежби и техники за ослободување од стресот кои ќе ви помогнат да останете смирени.rn

6. Замолчете го умот

rnРаботата на мозокот е да мисли, и тој го прави токму тоа. Но, понекогаш мислиме премногу без разлика дали има потреба од тоа. Научете да ги контролирате мислите и не дозволувајте да владеат со вас. Анализирањето на ситуацијата пред да паничите ќе ви помогне да го спречите претераното размислување. Медитацијата е одличен начин да го смирите вашиот ум.rn

7. Оценете го вашето работно место

rnРаботното место има огромна улога во менталното здравје. Се покажало дека некои работни места (доктори, продавачи и слично) се повеќе изложени на стрес, а ова пак може да предизвика депресија. Оценете дали вашиот стрес потекнува од работното место и направете нешто за да го промените тоа.rn

8. Избегајте од канџите на алкохолот и лекарствата

rnМногумина веруваат дека алкохолот и лекарствата може да се користат како привремени методи за намалување на стресот. Но, штом ќе стекнете навика, ќе ви биде тешко да се откажете. Веднаш отстранете ги овие работи од вашата листа на „помошници“ за справување со стресот.rn

9. Не следете ги стереотипните рутини

rnАко вашиот распоред секогаш е ист и не ви дозволува да одвоите време за себе, веднаш променете го. Менувањето на вашата рутина и додавање повеќе забавни елементи во неа ќе ви помогне да останете среќи.rn

10. Побарајте помош

rnЧитање книги за оваа намена и барање совети од луѓе и експерти нема да ве направи слаби. Наместо тоа, ќе ви помогне да сфатите што ви е потребно и никогаш не треба да се двоумите за да побарате помош. Менталните проблеми не се нешто од коешто треба да ви е срам.rnrnПогледнете и со кои работи ги уништувате вашето расположение и психа.