Честопати се вели дека ако не можете да најдете романтична љубов, тоа значи дека не се сакате себеси доволно. Ова тврдење е вистинито до некаде. Речиси е невозможно да имате успешна и здрава врска ако не сте задоволни од самите себе. Меѓутоа, понекогаш се случува и токму спротивното. Луѓето кои не се сакаат себеси успеваат да најдат совршен партнер, а оние кои имаат огромна самодоверба остануваат сингл со години. Ако почнете да се сакате себеси, тоа не значи дека веднаш ќе ја најдете вашата сродна душа. Всушност, на луѓето кои поседуваат висока самосвест им е многу потешко да најдат добар партнер одошто мислите. Ова се 12-те причини зошто е тоа така…rnrn
rn
1. Забораваат на тајмингот и мислат дека потрагата по љубовта е целосно под нивна контрола
rnКога самосвесните луѓе ќе сфатат колкава моќ поседуваат, тие почнуваат да мислат дека можат да ја контролираат и љубовта. Но, тие не можат самите да одлучат кога вистинската личност за нив ќе им се појави во животот. Тие можат да влијаат само на квалитетот на врската откако ќе ја сретнат сродната душа.rn
2. Привлекуваат учители, а не сродни души
rnЛуѓето кои се обидуваат да го извлечат најдоброто од себе потсвесно одбираат партнери кои би можеле да ги откријат нивните темни страни и да ги излечат. Токму затоа, многу често се случува паметни луѓе да одберат партнери кои се сосема погрешни за нив. Тие мислат дека нивното искуство ќе им помогне да си ја развијат свеста, а не да остварат здрава и успешна љубовна врска.rn
3. Имаат превисоки очекувања
rnЛуѓето кои се свесни колку вредат, нема да прифатат врска со кого било. Меѓутоа, тие понекогаш забораваат дека луѓето се само луѓе и нормално е да имаат недостатоци и лични проблеми.rn
4. Стануваат самозадоволни и веруваат дека љубовта сама ќе дојде
rnСекако дека љубовта сама ќе се појави спонтано и неочекувано, но нема да ви се вкрстат патиштата ако постојано седите дома и воопшто не излегувате мислејќи дека сродната душа еден ден ќе ви затропа на врата. Ако верувате во моќта на универзумот, тоа не значи дека не треба да се потрудите да го најдете она што го барате.rn
5. Бројот на местата каде што можат најдат љубов е значително намален
rnЛуѓето кои се самосвесни не сакаат да бараат партнер онлајн или во дискотека. Нема ништо лошо кај овие места, но факт е дека луѓето на Тиндер и оние кои излегуваат во барови не бараат таква љубов и врска каква што бараат самосвесните поединци, па затоа ги одбегнуваат.rn
6. Многу лесно се откажуваат
rnИако во многу случаи способноста да се стави крај е многу важна, во ретки ситуации може да пропуштите да му дадете шанса некому. Ако самосвесните луѓе препознаат некоја карактерна особина или начин на однесување што не им одговараат, веднаш креваат раце од врската за да не мора да се справат со болката што би можела да следува. Тие понекогаш пропуштаат навистина добри прилики, само затоа што мислат дека се попаметни и дека можат да најдат некој подобар.rnrn
rn
7. Многу се надеваат
rnСамосвесните луѓе понекогаш се надеваат повеќе одошто треба, бидејќи можат да го препознаат потенцијалот кај некој човек иако тој можеби не е подготвен да им ги возврати чувствата на истиот начин.rn
8. Мислат дека точно знаат каков партнер им треба и како би требало да изгледа нивната сродна душа
rnСамосвесните луѓе знаат каков би требало да биде нивниот партнер за да може да ги надополни и имаат доволно искуство за да знаат кои поединци не им одговараат. Но, вистината е дека без разлика колку сте свесни, љубовта никогаш не се појавува онака како што сме очекувале и најчесто не изгледа онака како што сме си ја замислиле.rn
9. Стануваат маченици поради љубов што никогаш не би успеала
rnСамосвесните луѓе знаат дека можат да ги спасат врските што имаат потенцијал да успеат. Проблемот настанува кога ќе поминат со години трошејќи ја нивната енергија на човек кој не сака да вложи труд и не им ги возвраќа чувствата.rn
10. Мислат дека треба да чекаат додека не станат совршени
rnСамосвесните луѓе честопати мислат дека ако се доволно добри, ќе успеат да најдат љубов. Тие сметаат дека нивните лични проблеми и недостатоци им ја попречуваат потрагата по вистинска љубов. Понекогаш знаат да бидат претерано самокритични и не си дозволуваат да уживаат во животот додека не се поправат и не станат совршени.rn
11. Премногу се трудат да најдат љубов
rnКога самосвесните луѓе ќе сфатат колку љубов носат во себе, почнуваат да копнеат по неа уште повеќе. Но, понекогаш, ако премногу силно посакувате нешто, токму таа силна желба може да ви го попречи патот. Кога сте фокусирани на тоа дека сакате партнер, постојано го нагласувате фактот дека немате партнер и сета ваша енергија се троши во таа насока.rn
12. Мислат дека треба да ја најдат сродната душа, наместо да веруваат во тоа дека треба да изградат таква врска со партнерот
rnМногу луѓе кои работат на себе мислат дека ќе ја најдат нивната сродна душа како награда за тоа што станале подобри личности. Во реалноста, дури и кога ќе го најдете совршениот партнер, мора многу да се трудите за да може врската да процути. Кавгите и несогласувањата се неизбежни. Нема да ја одбегнете болката ако најдете вистинска љубов. Наместо тоа, треба да бидете бестрашни и подготвени да изградите нешто прекрасно и вечно.rnrnВо продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.