Мислењето на многумина е дека сме целосно сами на овој свет каде што на крај сета тежина завршува на нашите рамена. Веруваме дека мораме да ја носиме тежината на светот без поддршка или водење, бидејќи тоа значи да се биде човек. Според ова мислење мора да се натпреваруваме, бориме и да собираме работи бидејќи нема ништо доволно добро.rnrn
rnrnДруго мислење е дека всушност не сме сами. И додека егото можеби нè разделува сите, всушност сите ние сме духовно поврзани. И не само што сме едно, туку имаме пристап до водич секогаш кога ни е потребна помош.rn
Како универзумот комуницира со вас?
rnМногу луѓе се изненадени откако ќе откријат дека универзумот е навистина присутен во нашите животи. Не мора да бидете религиозни или слично за да разберете дека универзумот комуницира со вас. Всушност, понекогаш е подобро воопшто да немате идеја или верување за тоа како универзумот би требало дa комуницира со вас. Најчесто тоа се случува низ соништа, чудни случајности, повторливи броеви и зборови и слично. Универзумот исто така ќе ви каже и кога правите нешто погрешно.rn
Како да знаете дали сте на вистинскиот пат?
rnУниверзумот ќе ви даде знак, а кога ќе го добиете не мора да се плашите. Сè додека обрнувате внимание на знаците ќе знаете што треба да направите. Понекогаш овие знаци се суптилни, а некогаш се вистински повик за будење. Па, погледнете кои се најчестите.rn
1. Неочекувани одолговлекувања
rnМожеби сте заглавиле во сообраќаен метеж, сте го испуштиле автобусот, немало место во авионот или се појавил мал настан што ги уништил сите ваши планови.rn
2. Чудно чувство во стомакот
rnМожеби чувствувате некое чудно гадење. Ова негативно чувство можеби нема да исчезне без разлика какви се вашите мисли и планови.rn
3. Постојано губите работи
rnИли нешто ви е украдено или не можете да го најдете. Моменталниот шок од губењето нешто ве буди.rn
4. Постојано се расправате
rnМожеби постојано се појавуваат расправии и недоразбирања. Овие конфликти можат да бидат со саканите или со целосни странци.rn
5. Не спиете добро
rnНе можете да престанете да размислувате, а ова не ви дозволува да заспиете. Можеби има само една мисла што ве држи будни, а можеби станува збор за цело сценарио кое го прегледувате одново и одново.rn
6. Постојано се разболувате
rnИзгледа дека болестите постојано ве спречуваат да направите нешто. Може да се појават хронични главоболки, настинки или која било болест што ве забавува.rn
7. Несмасни сте
rnМожеби постојано се удирате во нешто, се сопнувате, ви паѓаат работи од рацете. Воглавно, понесмасни сте од вообичаено.rn
8. Постојано чувствувате закана или анксиозност
rnИзгледа дека каде и да одите ве демне некоја опасност или чувствувате анксиозност. Постојано очекувате да се случи нешто лошо.rn
9. Гледате „лоши знаци“
rnЛошите знаци се лични и субјективни, па поради тоа постојано се менуваат. Па наместо да ги гледате како негативни, гледајте ги како субјективни знаци кои вашиот ум ги одбрал во тој момент. На пример можеби го гледате јатото црни врани како лош знак, или расипаниот семафор како лошо донесена одлука. Бидете свесни за тоа како вашиот ум ги толкува овие знаци.rn
10. Ви се случуваат несреќи
rnЧесто несреќите се голем знак дека е потребно да направите промена. Може да станува збор за физички и ментални/емоционални несреќи. На пример можете случајно да кажете нешто што ќе го навреди вашиот шеф и ќе настанат проблеми на работното место. Од друга страна можеби ќе имате сообраќајна несреќа, па ќе останете во кревет неколку денови или недели.rn
11. Постојано се појавуваат пречки и предизвици
rnПоради некоја причина, ништо не ви оди по план без разлика колку се трудите. Постојано наидувате на пречки кои ве спречуваат да го направите потребното. Целиот труд едноставно не се исплати.rn
Што да направите кога ќе добиете предупредувачки знаци?
rnИмајте на ум дека често се случува да не се наспиете или да заглавите во сообраќаен метеж. Само затоа што сте ја удриле ногата не значи дека сте на погрешниот пат. Но, ако искусувате многу од овие знаци наеднаш, обрнете внимание. Размислете што правите и што планирате што може да ви наштети.rnrnВо зависност од тоа колку сте свесни, предупредувачките знаци можат да бидат суптилни или целосни барикади. Колку сте „позаспани“, толку поочигледни ќе бидат знаците. Можете да направите неколку работи што ќе ви помогнат.rn
- rn 011
- За да добиете потврда дека сте на погрешен пат, поврзете се со вашата интуиција и поставете си го прашањето: Дали сум на вистинскиот пат? Обрнете внимание на чувствата и сензациите во вашето тело. Ако почувствувате тежина, можеби треба да промените нешто.
- Вдишете длабоко и заблагодарете му се на универзумот. Ако сакате, можете да кажете и молитва.
- Поминете време сами. Размислете што треба да се промени. Можете да користите и дневник за да ги запишeте вашите мисли и чувства.
- Обидете се најдете нешто комично во вашата ситуација. Хуморот е одличен начин да ја подобрите вашата енергија и да го отворите срцето.
- Медитирајте за да го исчистите умот.
- Ако не знаете што треба да промените, обрнете внимание на контекстот. На пример, дали сте размислувале, правеле или планирале нешто кога се појавиле знаците?
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДознајте и кои се знаците дека сте го откриле вашиот духовен пат.
