КАФЕ ПАУЗА

11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто станувате

11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто станувате

Written by

in

,

Секој минува низ период кога се сомнева и кога не е сигурен во себе. Но што да направите ако мислите дека сте тргнале по погрешен пат? Понекогаш нашите лоши навики преземаат контрола над нашиот живот и потребно е да направиме промена. Ако не ви се допаѓа личноста којашто станувате, постои начин да го спречите тоа. За почеток, поставете си ги овие 11 прашања.rnrn11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто стануватеrn

1. Кој/а сум јас?

rnДајте си време да размислите за личноста којашто сте. Како би се опишале? Кои се вашите позитивни и негативни одлики? Многу е лесно да си замислите некоја идеална верзија од вас која е далеку од реалноста. Ако сакате да се промените на подобро, важно е да разберете кои навистина сте. Не можете да продолжите напред ако не го сфатите тоа.rn

2. Дали сум навистина среќен/на?

rnНа скала од 1 до 10, колку навистина сте среќни? Внимателно разгледајте ги вашите емоции и расположенија во текот на денот. Колку сте задоволни од сегашната ситуација и вашиот животен стил? Ако сметате дека сте почесто несреќни отколку среќни, време е за промена.rn

3. Што сакам да променам кај мене?

rnЗапрашајте се што е она што навистина сакате да го промените кај вас. Може да станува збор а навика, одлика, животна ситуација, работно место и слично. Важно е да го најдете изворот на вашата несреќа. Направете листа со нешта што сакате да ги промените кај вас и вашиот живот.rn

4. Што можам да променам сега?

rnРазгледајте ја листата и размислете што можете да промените најбрзо. Што можете да направите денес, утре, оваа недела или овој месец? Имајте на ум дека нема да можете да промените сè одеднаш.rn

5. Кои се вашите достигнувања во последниве 3 години?

rnИако можеби треба да направите некое подобрување, важно е да бидете свесни и за вашите достигнувања и за позитивните аспекти кај вас. Секогаш е добро да ги користите овие позитивни работи за да изградите нови вештини или таленти.rn

6. Кои се вашите грешки?

rnРазмислете за нештата коишто сте ги направиле, а сакате да не сте ги направиле. Во ред е да ги спознаете, но немојте премногу да се фокусирате на нив. Секој прави грешки и тоа е нормално. Она што е важно се лекциите од тие моменти.rn

7. На кого му се восхитувате?

rnКој е вашиот идол? Ова може да биде личност која ја познавате, историски лик, некоја ѕвезда и слично. Зошто ѝ се восхитувате на оваа личност? Дозволете им на овие личности да ве инспирираат. Не мора да ги следите нивните чекори, но можете да создадете некоја слика за животот што сакате да го имате.rn

8. Колку време поминувате во грижа за себе и за вашите желби?

rnДенес е навистина лесно да ги запоставите вашите желби и потреби. Па затоа е важно да се запрашате кога последен пат сте си посветиле време за себе. Грижата кон себе е клучна за подобар перформанс во сите аспекти од вашиот живот. Не можете да бидете добри за другите ако не се грижите за себе.rn

9. Како можам да им помогнам на другите околу мене?

rnРазмислете за пријателите и членовите од семејството кои ги сакате. Како им помагате кога има потреба од тоа? Оваа помош може да биде превоз до работното место, чување нечие дете и слично. Ако сакате да станете подобра личност, важно е да се грижите за вашите сакани. Вашата перцепција за вас значително ќе се подобри кога ќе почнете да имате позитивно влијание на луѓето кои ви се важни.rn

10. За што сте благодарни?

rnСекој има моменти кога мисли дека животот му оди во надолна линија. Но ако размислите добро, ќе сфатите дека има и многу моменти за кои треба да бидете благодарни. Одвојте време и заблагодарете се за луѓето и нештата што го прават вашиот живот подобар.rn

11. Што ве инспирира и мотивира?

rnШто е она што ве тера да направите промена? Можеби станува збор за некоја страст или пак некое искуство кое имало големо влијание врз вашиот живот. Искористете ги тие нешта за инспирација и мотивација за да ја направите потребната промена.rnrnПогледнете и како да станете подобра личност во 2 едноставни чекори.