Понекогаш работењето на себе може да биде навистина тешко. Можеби сте сакале да имате поголема самодоверба на социјалните настани, но 3 години и 100 книги подоцна вие се наоѓате во „дупка“ и се прашувате како да ја пронајдете целта на вашиот живот. Па вашата самодоверба повеќе не е единствениот проблем. Сега почнувате да се грижите за вашето здравје, активност, духовност, продуктивност, професионален успех, среќа, интегритет… и листата продолжува до бескрај.rnrn
rnrnПрво, поставете си го прашањето: „Зарем нема да биде добро работењето на себе повторно да стане едноставно?“rnrnОдговорот на прашањето е: „Да“. Овие 2 чекори ќе ви помогнат во тоа.rn
Прв чекор: Поставете си 2 едноставни прашања
rnЦелта на првиот чекор е да направите рефлексија на вашиот живот. Нема потреба да се затворите во соба и цела година да медитирате. Има поедноставен начин. Поставете си ги следниве прашања:rn
- rn011
- Што е во ред во мојот живот?
- Што не е во ред во мојот живот?
rn011
rn
rnКога ќе ги одговарате, опфатете ја секоја област од вашиот живот – работа, врски, здравје, семејство… Можете да побарате и совет од пријател, или едноставно да ги запишете одговорите. Штом добро ќе размислите за овие прашања, дајте си признание за работите кои се во ред во вашиот живот. Таму не треба да подобрувате ништо.rnrnЗа работите кои не ви одат по план, одберете неколку кои најмногу ве иритираат и направете листа, како оваа:rn
- rn011
- Сакам да вежбам повеќе, но сакам и да се дружам со пријателите.
- Премногу се расправам со момчето за тривијални работи, а не знам зошто.
rn011
rn
rnОткако ќе го направите ова, подготвени сте за вториот чекор.rn
Втор чекор: Поправете го она што не ви се допаѓа
rnСега е време да ја разгледате листата и да барате решение. Во зависност од проблемот, можете да се соочите со 2 сценарија.rn
Прво сценарио: Ова е лесно, знам како да го средам!
rnМожеби по некое време ќе сфатите дека пријателите се приоритет, додека вежбањето е непотребно зло. Одењето до теретаната ви одзема многу време, па нема кога да се видите со пријателите. Можеби ќе одлучите да вежбате дома наместо да одите во теретана. На овој начин ќе имате време и за пријателите и за вежбање.rn
Второ сценарио: Ова е комплицирано. Не знам што да правам!
rnСте се расправале со момчето за неважни работи, но не знаете што го предизвикува ова. Можеби е време да направите мало истражување. Почнете да учите за оваа тема (или за проблемот кој го имате вие). Разговарајте со некого, читајте книги, гледајте видеа… Иако ова не ви гарантира дека веднаш ќе го решите проблемот, големи се шансите да ја откриете причината.
