10 мисли со кои се соочува секоја жена додека купува костим за капење

Сподели

Колку пати ви се случило да помислите дека веднаш ќе почнете со вежбање откако ќе се видите во огледало со костим за капење? Или пак, сте се прашувале ли колку жени претходно го пробале токму овој модел? Погледнете ги најчестите 10 мисли со кои се сочуваат сите жени додека купуваат бикини…

Реклама

rn

1. Со вакво осветлување и моделите би се чувствувале грозно

rnНаучно е докажано дека доволно е само да размислувате за пробување нов костим за капење со цел да се онерасположите. Можеби тоа е и една од причините зошто светлото во кабината за пресоблекување ви ги истакнува и најситните маани на телото.rn

2. Веднаш по ова одам да се запишам во теретана

rnЗарем постои жена која помислила на чоколадо или колачи додека пробува различни модели на бикини?rn

3. Колку жени го пробувале овој модел пред мене?

rnИако костимите за капење се пробуваат врз долната облека поради хигиена, понекогаш не можете да не се запрашате дали сите жени го почитуваат ова правило.rn

4. Зошто горниот и долниот дел не може да се купи одвоено?

rnНа многу жени не им одговара истиот број на градник и гаќички. Токму затоа многу повеќе сакаат да ги купуваат одделно, во различни големини, отколку заедно.rn

5. Одбивам да купам уште еден едноделен костим за капење

rnДоколку сте изгубиле малку тежина, тогаш сигурно ќе сакате ова лето да го покажете ваше ново тело со помош на дводелен модел.rn

6. Колку добро ќе држи врвката на овие бикини?

rnДоколку се одлучите за бикини, сигурно ќе се плашите дали врвките доволно добро ќе ги држат на вашето тело. За жал, постојано се случуваат непријатни ситуации кои едноставно не можете да ги предвидите. Без разлика на моделот.rn

7. Дали овој модел ќе ми направи чудни линии од сончање?

rnНекои модели изгледаат одлично и забавно на вашето тело, но повеќето од нив оставаат необични траги на кои не се сончани и кои покрај обична облека можат да изгледаат многу лошо.rn

8. Зошто се толку скапи овие бикини?

rnМногу често премногу високата цена на одредени модели непријатно нè изненадува и едноставно не можеме да не се запрашаме дали тие навистина вредат за толку пари.rn

9. Изгледа дека постојат две категории костими за капење: за тинејџери и за старци

rnМногу често жените во средните години се чувствуваат непријатно во одредени модели и многу тешко можат да најдат од оние кои ги сметаат како соодветни за нивните години.rn

10. Можеби не ми треба нов костим за капење

rnПо оваа мисла следуваат голем број изговори зошто не ви е потребен костим за капење, но не заборавајте дека вашето теле е прекрасно токму такво какво што е и воопшто нема потреба да се срамите од него…

Популарно

Може ќе ве интересира