Раскинувањата се болни, особено ако сè уште чувствувате нешто за поранешниот партнер. Ако постојано мислите на бившата, можеби треба да се потрудите повторно да бидете заедно, а еве како да ја освоите повторно според нејзиниот хороскопски знак.
rn
Овен
rnПовторното освојување на Овенот не е невозможно, но мора да бидете внимателни. Тоа е чувствителен период за неа, особено затоа што таа не раскинува лесно, па затоа е важно да ѝ покажете дека сте сериозни.
Најважно е да ги почитувате нејзините потреби и нејзиниот простор. Ако таа ви каже дека ѝ треба време да размисли, дозволете ѝ да го направи тоа.
Но, пред тоа, таа ќе сака да слушне зошто мислите дека треба да бидете повторно заедно, па бидете убедливи. Не заобиколувајте, туку кажете ѝ директно: ја сакате и ви недостасува.
Освен тоа, покажете ѝ дека вреди да се борите за неа.rn
Бик
rnКога се обидувате повторно да го освоите Бикот, запомнете дека треба да користите логика, а не вашата имагинација.
Таа не сака да се преправате како вашето минато никогаш да не се случило, ниту пак, да одите по неа и да ја молите да ви се врати назад.
Одвојте време затоа што освојувањето на Бикот е маратон, а не трка. Таа на почетокот ќе ве одбива, но големи се шансите дека сè уште мисли на вас.
Кога повторно ќе почне да покажува интерес за вас, третирајте ја како принцеза. Додворувајте ѝ се како на првата средба.rn
Близнаци
rnБлизнаците веројатно раскинале со вас затоа што им било здодевно.
Поради тоа, една од најважните работи што треба да ги направите кога се обидувате да ги освоите Близнаците е да им докажете дека овој пат ќе биде позабавно.
Кога ќе се трудите да ја вратите назад, бидете гласни. Таа сака да чуе како кажувате дека ја сакате и дека сакате да ви се назад. Кога ќе можете да го кажете тоа гласно, тоа значи дека не се плашите да зборувате.rn
Рак
rnНе е важно дали раскинувањето помеѓу вас и Ракот било мирољубиво или непријатно – таа ќе биде тажна. Ако сакате таа да ви се врати, треба да знаете дека ќе ѝ биде потребно некое време за тоа.
Можеби е малку вознемирувачки, но важно е да ѝ дозволите да биде себична. Кога ќе сфати дека сте тука да ја слушате, таа ќе попушти и ќе почне да размислува што навистина сакате.
Најважно е да бидете искрени со неа и да користите искрени зборови што доаѓаат од вашето срце, наместо да користите зборови што сте ги научиле од некоја романтична комедија.rn
Лав
rnЛавот верува дека секое извинување треба да биде придружено со подарок. Но, дури и ако се обидете да ја освоите со ласкави коментари за тоа колку убаво изгледа и со некои скапи чоколатца, не заборавајте зошто навистина сте таму.
Таа нема да го одбие подарокот, но ако мисли дека само се умилкувате пред да ја молите да ви се врати, таа само ќе ги преврти очите и ќе ви каже збогум.
Повторното освојување ќе биде малку тешко, но може да се направи. Можеби не изгледа така на моменти, но Лавовите сакаат љубов и внимание исто како и сите други.rn
Девица
rnКога се обидувате повторно да ја освоите Девицата, мора да бидете подготвени да ја пробиете нејзината надворешна обвивка.
Таа сè уште може да има чувства кон вас или сака повторно да бидете заедно, но сигурно нема прва да го признае тоа. За да го направите тоа, треба да размислувате логично и да бидете смирени. Таа нема да реагира позитивно на вашите солзи или на изразувањето какви било емоции.
Најважното нешто за Девицата е да ѝ покажете дека сте подготвени да вложите напор за да ја усовршите врската.rn
Вага
rnВагата сака голема љубов, па по раскинувањето сигурно ги мери добрите и лошите страни и мисли на вас.
Ако сакате да ја освоите Вагата повторно, треба да вложите многу труд. Прво, треба да покажете дека ја почитувате како личност. Таа сака да ја гледате како индивидуа, а не само како некој што ќе ве надополнува вас.
Немојте да се двоумите да ѝ кажете дека ја сакате назад и зошто го сакате тоа. Ако таа може да биде силна, и вие треба да бидете. Бидете искрени и покажете ѝ дека вреди да се обидете да бидете повторно заедно.rn
Скорпија
rnЌе биде многу тешко да ја освоите Скорпијата, но ако ја сакате, вреди да се обидете. Најважно е да бидете искрени затоа што најмногу ја нервира ако залудно го трошите нејзиното време, па бидете разумни со вашите аргументи.
Она што ја тера да дава толку отпор е тоа што веројатно имало многу добра причина за да ставите крај на врската. Кога ќе се вратите кај неа да барате прошка, докажете ѝ дека навистина го сакате тоа.rn
Стрелец
rnСоочувањето со минатото е многу тешко за Стрелецот, па кога се обидувате да ја придобиете, бидете подготвени за сосема нова личност.
Таа не сака негодувања и драми за работите што веќе се случиле. Големи се шансите вашата врска да е веќе затворен случај. Ако сакате повторно да ја освоите, треба да бидете подготвени да го напуштите минатото и да започнете од почеток со неа.rn
Јарец
rnЗа да го освоите Јарецот, треба да го користите вашиот мозок, а не на срцето.
Кога ќе ѝ пристапите, важно е да бидете смирени и да размислувате логично. Јарецот речиси никогаш не реагира добро на емоциите, па обидот да ја освоите со плачење само ќе ја оддалечи од вас.
Објаснете ѝ зошто сакате да ви се врати назад и почитувајте го она што го кажува. Таа ќе дава многу отпор, но барањето прошка дефинитивно ќе ви помогне.rn
Водолија
rnЗа да ја освоите Водолија, треба да дојдете кај неа со целосно отворени ум и срце. Таа знае дека врските се тешки, па ќе сака да ви даде втора шанса ако ѝ покажете дека ја заслужувате.
Во оваа рана фаза, додека таа сè уште се обидува да открие што сака да направи, важно е да се фокусирате на вербалната комуникација, без прегратки или бакнежи. Бидете искрени за вашето минато и за иднината со неа.
Откако ќе ѝ кажете дека ја сакате назад, не заборавајте да ѝ дадете онолку време и простор колку што треба. Дозволете ѝ да ја преземе контролата и таа да дојде кај вас кога ќе биде подготвена, но барајте ја одвреме-навреме за да знае дека имате сериозни намери.rn
Риби
rnРибите сакаат да бидат во врска, но мразат да бидат повредени. Ако ја повредите, таа никогаш нема да ви се врати назад. Но, не е невозможно да ја освоите повторно, сè додека навистина ја сакате, а не само поради тоа што сте го поминале заедно.
За да ја натерате да ве слушне, треба прво вие да ја слушнете неа. Најверојатно ќе сака да се отвори во врска со емоциите што ги чувствува сега, како и за тоа што го чувствувала кога раскинавте. Исто така, важно е да зборувате за вашите сопствени чувства затоа што тоа треба да биде двонасочен разговор.
Прочитајте поради која причина раскинува секој хороскопски знак.

