Некои од начините на кои ја подготвуваме храната можат да бидат многу погрешни и да се причина за предизвикување многу болести. Бактериите се сериозна работа и доколку не внимаваме при готвењето, тие драстично се развиваат и размножуваат. Ова се неколку грешки кои не би смееле да ги правите и совети како да го спречите внесувањето бактерии во организмот.
rn
1. Сировото и термички обработено месо треба да се чува во посебни садови
rnЗа подготвувањето на сирово, варено или печено месо секогаш употребувајте различни чинии или садови. Причината за тоа е што бактериите од сировото месо можат да се префрлат на термички обработеното месо. Истото важи и за морските плодови и птиците.rn
2. Одмрзнување на месото на кујнската работна маса
rnСо оглед на тоа што бактериите многу брзо се размножуваат на собна температура, месото никогаш не смеете да го одмрзнувате на кујнската работна маса. Најдобар начин за одмрзнување на состојките е во фрижидерот, во чинија со ладна вода или во микробранова печка.rn
3. Миење на месото
rnСпротивно на логиката, миењето на месото во мијалникот не е воопшто хигиенски. На тој начин бактериите можат да се прошират во мијалникот и на останатите кујнски површини.rn
4. Ладење на храната пред да ја ставите во фрижидер
rnМногумина се уверени дека треба да ја оладите храната пред да ја стават во фрижидер. Меѓутоа, оставањето топла храна на собна температура значи отворен повик кон бактериите. Во лесно расипливата храна, бактериите кои предизвикуваат болести можат да се развијат за два часа, освен ако храната брзо не се стави во фрижидер. Но, имајте на ум дека штотуку зготвената, врела храна не смее да се стави во фрижидер бидејќи ќе ослободува топлина, при што ќе биде загрозена останатата храна внатре.rn
5. Јадења кои содржат живи јајца
rnПредупредувањето за опасноста од консумирање живи јајца е потполно издржано. Термички необработените јајца може да имаат салмонела или други штетни бактерии.rn
6. Маринирање на кујнската работна маса
rnМаринирањето на кујнската работна маса е подеднакво опасно како и одмрзнувањето на храната на истата. Штетните бактерии брзо се размножуваат на собна температура, затоа маринираната храна задолжително чувајте ја во фрижидер. rn
7. Користење на маринадата како сос
rnИако се чини дека е економично да ја користите маринадата како сос, треба да имате на ум дека бактериите од сировото месо може да ја заразат вашата храна. Маринадата може да ја користите само ако пред консумирање ја загреете до температура на вриење.rn
8. Недоволно термички обработено месо
rnПремногу сувото месо, недопеченото месо или вареното месо во себе може да содржи опасни бактерии. „Крвавиот бифтек“ не се наоѓа на листата на забранети или нездрави јадења, но правилно зготвеното месо во секој случај е посигурен избор.rn
9. Немиење на рацете
rnВажност на миењето раце е добро позната мерка за безбедност. Сепак, многумина поради брзање или забораваат да ги измијат рацете или тоа не го прават како што треба. Рацете треба да се мијат 20 секунди со сапун, а потоа убаво да се исплакнат со вода.rn
10. Пробување на храната за да се утврди нејзината исправност
rnАко сте од оние луѓе кои го пробуваат млекото за да се уверат дали е расипано, тогаш подобро откажете се од оваа навика. Иако во случајот со млекото може да добиете само стомачни тегоби, само еден залак од некоја друга расипана храна може да предизвика сериозни здравствени проблеми.rn
11. Неизмиеното овошје е опасно ако се сече на даската за сечење
rnДури и ако планирате да го излупите овошјето или зеленчукот пред употреба, сепак најдобро е прво да го измиете, затоа што пестицидите од овошјето можат да се префрлат на другите површини во кујната.

