КАФЕ ПАУЗА

Како да направите еротска масажа?

Како да направите еротска масажа?

За да ја разгорите сексуалната желба кај партнерот, доволно е да се погрижите да направите релаксирачка атмосфера и да го изберете вистинскиот производ. Следете ги овие совети за да ја направите масажата колку што е можно поудобна и да ја израдувате саканата личност со незаборавни допири.rnrnКако да направите еротска масажа?rn

Изберете соодветна плејлиста

rnМора да признаете дека песните на Шаде или на The xx се дефинитивно подобри за романтична вечер отколку песните на AC/DC, на Металика или на Мерлин Менсон. Ако еротската масажа е само предигра, изберете нешто секси и релаксирачко. Бавниот џез, блузот, соул-музиката или трип-хопот ќе ви помогнат да заборавите на она основното и да се препуштите на вашето уживање.rn

Изберете масло за масажа

rnИмате две опции: сами подгответе сензуално масло за масажа или купете готов состав. Само неколку капки есенцијално масло во комбинација со базично масло можат многу да го подигнат расположението. На пример, можете да измешате кокосово масло со есенцијални масла што служат како афродизијак: масло од грејпфрут, од лаванда, од иланг-иланг, од јасмин или од ванила. За масажа на интимните делови, подобро е да земете некое од специјализираните стимулативни масла што можат да се нанесат на кожата без страв од предизвикување алергии.rn

Пробајте свеќи за масажа

rnСвеќите за масажа се интересна алтернатива на ароматичните масла и тие ќе ја претворат просторијата во вистински спа-третман. Само запалете ја свеќата, а таа ќе почне да се топи и да шири арома. Нанесете малку масло на дланките и почнете да го масирате партнерот. Свеќите не треба да содржат парафин, минерален восок или бои, а може да содржат само органски восок од соја или од кокосов орев, природна база и есенцијални масла.rnrnЗа да направите добра еротска масажа, доволно е да совладате неколку едноставни техники што се пријатни за телото. Нанесете масло на дланките и измасирајте го секој дел од телото на партнерот.rnrnПо еротската масажа, погледнете како да продолжите со позата „мачка“ која е решение за сите проблеми во сексот.