КАФЕ ПАУЗА

11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10

Written by

in

,

Кој е вашиот метод на флертување и колку е тој ефикасен? Кои се добрите страни, а кои лошите во вашето однесување кон личноста за која сте заинтересирани? Погледнете ги следниве 11 видови флертувања и нивната успешност на скала од 1 до 10…rnrn11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10rn

1. Набљудување од другата страна на просторијата

rnСпротивно на она што ни го покажуваат сите филмови со вампири и романтични комедии, продолжениот контакт со очи може да биде ризичен. Набљудувањето е исто како фрлање ножеви во флертувањето – доколку успее, вие имате способност, но доколку не… Ве очекува многу непријатна ситуација.rnrnРејтинг: 2 (5 доколку изгледате добро)/10rn

2. Лајкување на новиот Фејсбук или Инстаграм пост

rnОва е малку сложено бидејќи нотификацијата од вас може да се измеша со оние од сите останати кои не се романтично заинтересирани за оваа личност и кои само го лајкнале постот бидејќи едноставно им се допаѓа. Но, тоа не значи дека не треба да го направите тоа. По некое време, доколку сте упорни, тие на вас ќе гледаат како личноста која често ги „лајкува“, па тоа сигурно може да ви донесе некој поен повеќе.rnrnРејтинг: 6/10rn

3. Лајкување на Фејсубук/Инстаграм постови кои се постари од 3 месеци

rnОва е нешто што би можело на еден просечен човек да предизвика да му сопре срцето на момент, бидејќи најчесто се случува по грешка. Прстите ќе ви притиснат нешто погрешно и одеднаш работата ќе се претвори во катастрофа и вие ќе бидете доживеани како личност која демне. Па не, ова не е метод на флертување во кој би сакале да инвестирате.rnrnРејтинг: -37/10rn

4. Смеење на сè што тој/таа ќе каже

rnШеги? Смеј се. Општи изјави за било која позитивна тема? Смеј се. Луѓето сакаат да чувствуваат дека се забавни, па токму затоа не се воздржувајте со вашите насмевки.rnrnРејтинг: Ха-ха 7/10rn

5. Купување пијалак како начин на запознавање

rnТрошите пари на претерано скап алкохолен пијалак со цел да привлечете внимание? Тоа можеби би можело да ви помогне да започнете со разговор, но потоа треба да најдете и соодветна тема со цел да ја одржите оваа интеракција. Или едноставно ставете ја оваа личност на ваша сметка која нема да ја затворите сè додека не научите да не се потпирате на парите за искажување романтичен интерес.rnrnРејтинг: 2000 денари за вотка и Ред Бул/10rn

6. „Фејв“ на твит

rnФејв на твит е можеби најлошиот начин на кој можете да флертувате. Особено со оглед на тоа што веднаш до фејвот имате можност за ретвит. Од сите социјални мрежи, кога станува збор за флертување најмалку треба да се потпирате на твитовите.rnrnРејтинг: 0/10rn

7. Љубезен разговор

rnНекои велат дека љубезноста е вашиот билет до пријателската зона, додека пак, другите сметаат дека е најдобриот начин да привлечете нечие внимание. Без разлика на ситуацијата, многу е подобро да бидете љубезни отколку непријатни, се согласувате?rnrnРејтинг: Зависи од тоа колку тие сметаат дека сте привлечни на скала од 1-10/10rn

8. Сарказам во разговорот

rnСите оние саркастични нешта не само што се неверојатно популарни кај спротивниот пол, туку и скоро секогаш успеваат. Луѓето кои се чувствуваат удобно еден покрај друг најчесто немаат проблем разиграно да се исмејуваат бидејќи тие на тој начин можеби и најдобро комуницираат.rnrnРејтинг: 10/10rn

9. Скокоткање

rnНе. Исто така сите удари со лакт кои сте ги добиле во лице од луѓето кои не сакаат скокоткање ви се целосно заслужени.rnrnРејтинг: Сериозно, престанете!/10rn

10. Им зборувате на нивните пријатели колку тие ви се привлечни и се надевате дека пораката ќе им биде пренесена

rnЉубов преку сродници. Дали ќе ве сметаат за кукавица? Можеби. Но, тоа не мора да значи дека вашиот комплимент нема воопшто да им се допадне.rnrnРејтинг: 4/10rn

11. Бидете оние кои навистина сте, но и покажете интерес во соодветни ситуации

rnПобарајте го нивниот број, поканете ги на состанок… Клучот е да бидете оние кои навистина сте и луѓето веднаш ќе ја почувствуваат вашата самодоверба, правејќи ве многу попривлечни во нивните очи.rnrnРејтинг: 10/10