Доколку сте во љубовна врска, веројатно го сметате партнерот за ваш најдобар пријател кому ги кажувате сите ваши грижи, проблеми, со кого поминувате време заедно и одите на важни настани. Но, иако постојано сте заедно, успехот на една љубовна врска во голема мера зависи од тоа колку партнерите се независни. Тоа е проблемот на многу парови. Толку многу свикнуваат еден на друг што се испреплетуваат во една личност и се губат себеси. За да го одбегнете губењето на вашата независност во врската, прочитајте ги следниве 11 совети кои ќе ви помогнат да останат свои…rnrn
rn
1. Научете да ги препознавате сопствените емоции
rnКога ќе научите да ги препознавате сопствените емоции, ќе можете да го браните вашиот став и да носите брзи одлуки кога партнерот нема да биде до вас. Ова можете да го направите со помош на медитација, вежби за дишење, јога, џогирање, пливање или која било друга физичка вежба со смирувачки ефект на телото.rn
2. Правете нешто сами
rnЗабавно е да споделувате искуства со партнерот, но потребно е некои од нив да ги доживеете и сами. Уживајте во она што ви дава енергија. Најдете некое ново хоби или интереси кои потоа ќе можете да му ги пренесете на партнерот. Тоа ќе ја одржи врската здрава и ќе ви овозможи заеднички личен развој.rn
3. Разберете го и прифатете го мислењето на вашиот партнер
rnНормално е дека некои ваши размислувања ќе се разликуваат од оние на партнерот и токму овие разлики се одличен начин да добиете независност. Разберете го и прифатете го неговиот начин на размислување, особено ако се разликува од вашиот.rn
4. Научете да бидете меѓузависни, а не козависни
rnКога постои меѓузависност во врската, тоа значи дека добро функционирате заедно со партнерот, но знаете како да бидете и сами исто така. Кога некој е козависен, смета дека не може да биде сам и се плаши дека ќе изгуби дел од себе ако се распадне врската. Врската нема да биде здрава ако вашите желби и потреби целосно зависат од партнерот.rn
5. Размислете за вашите суштински вредности
rnНемојте да ги менувате вашите вредности поради партнерот. Нормално е да ги смените, но само ако вие сакате, а не затоа што некој ве принудува. Дознајте што е она што навистина ви значи и секогаш следете го.rn
6. Задржете ги вашите интереси
rnПродолжете да ги правите оние работи кои ве исполнувале кога не сте биле во врска. Дозволено е да имате интереси кои ќе бидат само ваши, иако во ред е одвреме-навреме да ги споделите со партнерот.rnrn
rn
7. Научете да се сакате себеси
rnНајважната врска која секогаш треба да ја негувате и развивате е онаа со вас самите. Во спротивно нема да можете да остварите ниту една успешна љубовна врска. Не заборавајте да се сакате себеси. Треба да се грижите за вас и вашите потреби.rn
8. Дружете се со вашите пријатели без партнерот
rnКога не сте биле во врска, веројатно постојано сте биле со вашите пријатели и семејство. Многу е важно да ги задржите тие односи откако ќе започнете љубовна врска. Вашата среќа не смее да зависи само од една личност. Одвреме-навреме излегувајте одвоено, само со вашите пријатели.rn
9. Најдете ново хоби
rnНајдете ново хоби и запознајте нови луѓе. Тоа ќе ви даде нови теми на разговор со вашиот партнер и ќе ги прошири вашите видици.rn
10. Дознајте што друго ви е важно покрај врската
rnНормално е дека вашиот партнер претставува важен сегмент од животот, но не смее да биде единствената работа што ви значи. Размислете што ве исполнува и што ве прави среќни. Тоа ќе ве потсети дека постојат други работи во вашиот живот покрај партнерот. Треба да бидете подеднакво среќни без разлика дали сте со или без партнер.rn
11. Немојте да имате преголеми очекувања
rnСекогаш ќе бидете разочарани ако имате нереалистични очекувања. Наместо да ѝ придавате толкаво значење на врската, фокусирајте се на вашите сопствени потреби и желби. Многу луѓе очекуваат дека врската треба да им ги исполни сите нивни потреби. Тоа очекување не е реалистично за долга врска. Во ред да се зближите со некого, но секогаш имајте на ум дека се работи за посебно битие.rnrnСупер е кога врската е стабилна, но вашиот живот не треба да се врти само околу партнерот. Поминувајте време сами, најдете ново хоби и дознајте што ви е важно во животот покрај врската. Време е да ја пронајдете вашата вистинска независност.