Ако не се справите со него, стресот може да се претвори во трајна, токсична навика. Бидејќи ретко знаеме правилно да се справиме со стресот, си создаваме дополнителна нервоза и циклусот си продолжува. За среќа постојат некои чудни, но навистина едноставни и ефективни техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот за многу кратко време.rnrn
rn
1. Лажна насмевка
rnИако форсирањето емоции не е добро, истражувањата покажале дека смеењето, дури и кога не ви е дојдено тоа, може да го излаже вашиот мозок да се чувствувате подобро. Лажната насмевка може да го намали стресот за неколку секунди.rn
2. Ставете го палецот во уста и цицајте
rnОваа „техника“ ќе активира нешто наречено вагусен нерв и ќе го забави вашето срце и ќе го намали крвниот притисок.rn
3. Дувајте на вашиот палец
rnАко се наоѓате на место каде што не е пристојно да го ставите палецот во уста, доволно е само да дувнете на него. Палецот си има свој пулс па дувањето ќе го забави пулсот и ќе го намали вашиот стрес.rn
4. Гума за џвакање
rnДокажано е дека џвакањето гума може да ги намали стресот и анксиозноста во која било ситуација.rn
5. Барајте фрактали
rnФракталите се дезени кои се наоѓаат во природата, како ливчињата на цветот или формите на пајаковата мрежа. Ова ќе ви помогне да го намалите стресот дури за 60%.rn
6. Вдишете длабоко
rnОва изгледа очигледно, но всушност треба и да мислите на дишењето за да функционира. Почнете бавно, наполнете ги дробовите со воздух до крај, и потоа бавно издишете. Овој начин на дишењето ќе го намали ритамот на вашето срце и ќе го активира парасимпатичниот нервен систем кој е одговорен за опуштањето.rn
7. Застанете до растение
rnАко се опкружите со растенија, стресот во вашиот живот значително ќе се намали. Едно истражување покажало дека растенијата во канцелариите значително го намалуваат крвниот притисок, но и ја зголемуваат продуктивноста.rn
8. Притиснете помеѓу вториот и третиот зглоб
rnОва е навистина уникатен начин за ослободување од стресот. Нежно притиснете го просторот помеѓу вториот и третиот зглоб на вашиот прст, на местото каде што прстот се соединува со дланката. Овој притисок ќе активира нерв кој ќе ви помогне да се смирите.rn
9. Направете некоја лесна јога поза
rnМожеби немате време за цел час вежбање, но нема ни потреба од толку. Доволни се неколку едноставни јога пози кои ќе ги изведете за кратко време. Овие движења ќе ви помогнат да дишете длабоко и да станете свесни за вашето тело. На овој начин веднаш ќе се релаксирате.rn
10. Зелен чај
rnЗелениот чај содржи теанин, аминокиселина која го уништува ефектот на кофеинот. Бидејќи кофеинот го забрзува чукањето на срцето, го засилува и стресот. Зелениот чај е одличен за вакви моменти.rn
11. Извршете неколку домашни обврски
rnАко се чувствувате навистина лошо, одличен начин да го промените тоа е да работите нешто дома што бара движење. Исчистете ја кујната, фрлете го ѓубрето или слично. Ако сте на работа, искористете ја паузата да завршите некои други обврски. Ќе се смирите за многу кратко време.rnrnПогледнете ги и овие кратки начини за ослободување од стресот.