Шарен е изборот што го имаме од дизајнерите за следната сезона, така што секој ќе може да пронајде нешто што сака. Оваа сезона е целосно со предимензионирани облици и истакнување преку живописни бои и впечатливи парчиња облека.
Модната прогноза вели дека оваа година фокусот ќе биде на преголемите ракави, џебовите и многуте детали.rn
Силни бои
rnНајмногу ќе се носат портокаловата, белата, жолтата, тиркизната, сината, црвената, беж бојата и црната.rn
Кратки здолништа
rnИако на многу дами нема да им се допадне, но ултракратките модели на здолништа ќе може често да се видат на улиците оваа пролет.rn
Светки
rnОваа сезона светките ќе се носат и во текот на денот. Колекциите на водечките дизајнери се преполни со ваквите модели.rn
70-тите се враќаат
rn70-тите години се сметаат за една од најмодерните години, па дури и денес дизајнерите ја црпат својата модна инспирација од тој период. Сако-палтата што тогаш биле во тренд се враќаат на модната сцена.rn
Плетени чанти
rnЧантите што најчесто ги среќаваме на плажа ќе бидат голем хит оваа пролет.rn
Предимензионирани ракави
rnПредимензионираните ракави се апсолутен хит што нема да се повлече од модната сцена.rn
Монохроматски стил
rnСтилизирањето од глава до пети во иста боја е моден хит.rn
Тропски принт
rnТрендот што потсетува на лето и радоста ќе биде во тренд. Цветовите се она што жените најмногу ќе го сакаат.rn
Фармерки со трегери
rnПо неколку години, фармерките во комбинација со трегери се повторно во мода.
Можеби сакате да дознаете и дека хеланките се враќаат во мода: Следете го ова правило за да не направите погрешна комбинација.

