КАФЕ ПАУЗА

7 намирници против кандида во цревата

7 намирници против кандида во цревата

Постојат намирници за кои е докажано дека се ефикасни во борбата против габичните инфекции на органите за варење. Во продолжение откријте како да се борите против кандидата во устата и цревата.rnrn7 намирници против кандида во цреватаrn

Што предизвикува кандидијаза?

rnКандида (Candida albicans) е вид габа што природно е присутна во усната шуплина, во слузницата на вагината и во гастроинтестиналниот тракт и ако е на нормално ниво, не предизвикува никакви проблеми. Меѓутоа, неправилната исхрана, прекумерното пиење алкохол, стресот и варењето на храната може да предизвикаат раст на кандидата. Симптомите на кандидијаза вклучуваат надуеност, осип на кожата, габични инфекции и општа слабост.rn

Исхрана која го спречува размножувањето на кандидата

rnЗа да го заштитите вашето здравје од оваа габа, избегнувајте да јадете овошје со висока содржина на (природен) шеќер, јаглехидрати, алкохол, млечни производи и шеќер во каква било форма, вклучувајќи и мед. Наместо тоа, вашата исхрана треба да се базира на месо, риба, пилешко, зеленчук и здрави масти. Ако ви е дијагностицирана кандидијаза, вклучете ги овие здрави намирници во вашата исхрана:rn

Кокосово масло

rnОва масло содржи поголеми количини на три киселини – капрична, каприлична и лауринска киселина, кои можат да го запрат растот на кандидата и на други патогени бактерии. Лауринската киселина е исто така ефикасна во лекувањето на раните во усната шуплина.rn

Куркума

rnОвој зачин содржи куркумин, супстанца со антиинфламаторно и антифунгално дејство, што може да го запре растот на кандидата и да ве заштити од габични инфекции. Едно истражување открило дека куркуминот ги спречува габите да останат во усната шуплина.rn

Лук

rnКога лукот е згмечен или исечкан, се ослободува алицин, состојка за која е докажано дека го запира растот на габите во устата. Бидејќи алицинот се распаѓа на високи температури, најдобро е да се јаде свеж лук секогаш кога е можно.rn

Ѓумбир

rnИма силно антимикробно дејство и може да го запре растот на кандида и на други патогени микроорганизми.rn

Кисела зелка

rnСите сорти кисела зелка се синоним за здравје бидејќи се богати со пробиотици. Ако ѝ додадете лук, ѓумбир и мелената пиперка на киселата зелка, оваа храна станува идеална за превенција или третман на кандидијаза.rn

Јаболков оцет

rnАнтимикробното дејство на јаболковиот оцет е поефикасно дури и од најчесто користениот лек нистатин за превенција на орална кандидијаза.rn

Кељ

rnКељот е богат со растителни влакна и е совршена храна за корисните цревни бактерии. Содржи специфични супстанции што не ѝ се допаѓаат на кандидата.rnrnКандидијазата ја спречуваат и следните намирници: прокељ, спанаќ, рукола, зелка, брокула, целер, боранија, краставица, модар патлиџан, кромид и тиквички.rnrnПрочитајте кој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната.