Децата обожаваат кога возрасните членови од семејството им обрнуваат внимание. Дури и ако немате свои деца, тоа не значи дека не можете да им бидете пример за одговорност на вашите внучиња, додека истовремено сте и нивниот најголем извор на забава. Пробајте да се пронајдете во следниве 10 знаци и дознајте дали вие сте омилената тетка на вашите внуци и внуки…rnrn
rn
1. Разговарате со нив како да се возрасни
rnДецата обожаваат кога луѓето им се обраќаат како да се возрасни, а не како да се бебиња. Тоа што се мали и неискусни, не значи дека не се интелигентни. Вие го знаете тоа и секогаш разговарате со нив како со рамноправни членови на семејството.rn
2. Им ги раскажувате срамните моменти од животот на нивните родители
rnВие ги споделувате со вашите внуци сите незгоди кои нивните родители ги преживеале во основно училиште. Им покажувате фотографии од детството без да се плашите дека ќе ги исмејуваат вашите модни избори и фризури.rn
3. Им подарувате совршени подароци
rnНајдобрите тетки не ја прашуваат продавачката кој подарок е најсоодветен според возраста на детето. Тие внимателно ги слушаат желбите и интересите на нивните внучиња и одбираат подароци кои се совршени за нив, без разлика дали станува збор за некоја друштвена игра, книга или играчка.rn
4. Ги носите на концертите на нивните омилени музичари или на спортски натпревари
rnМожеби не сте големи љубители на музиката на Џастин Бибер, но тоа не значи дека не би купиле карти за неговиот концерт и не би им пружиле можност на вашите внуци да се забавуваат како никогаш дотогаш.rn
5. Одбирате да се дружите со нив и покрај тоа што има и други возрасни
rnНајдобрите тетки седат во друштво на нивните внучиња и разговараат за секојдневни работи, дури и тогаш кога има и други возрасни околу нив.rnrn
rn
6. Им помагате околу дотерувањето
rnВие секогаш ги лакирате ноктите на вашите внуки и им ги давате најдобрите совети за да се ослободат од акните. Вашиот внук прво вас ве прашува дали ви се допаѓа неговиот избор на облека, па потоа сите останати бидејќи вие едноставно можете да разговарате за сѐ.rn
7. Редовно им праќате разгледници од одмор
rnНа овој начин им покажувате на вашите внучиња дека ви недостасуваат и покрај тоа што сте отишле на одмор. Притоа, вашите разгледници се директно упатени кон вашите внуци, а не кон целото семејство.rn
8. Постојано контактирате на Фејсбук
rnНајдобрите тетки ги имаат нивните внуци како пријатели на Фејсбук и постојано контактираат со нив, разменуваат слики, текстови и смешни видеа.rn
9. Си праќате СМС пораки
rnНе мора да ѝ се јавите на нивната мајка за да дознаете што се случува во животот на вашите внучиња. Го имате нивниот број на телефон и го користите секогаш кога ќе посакате.rn
10. Им ги покажувате игрите од вашата младост
rnТехнологијата е супер, но ваша должност е да ги запознаете вашите внучиња и со игрите од вашата младост како што се плочка, ластик, граница и слично. Има ли нешто подобро од забавна игра на отворено?rnrnПрочитајте ги и овие 11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели.