КАФЕ ПАУЗА

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

Постојат луѓе за кои братучедите претставуваат далечни роднини што ги гледаат само за време на семејните собири. Но, има и такви што своите братучеди ги сметаат за најдобри пријатели. Ако и вие сте едни од нив, тоа е одлично бидејќи на тој начин секогаш имате со кого да се забавувате за време на здодевните фамилијарни ручеци и со кого да разговарате кога ќе ви дојде преку глава од вашите родители и браќа и сестри. Најважно од сѐ е што знаете дека тие секогаш ќе бидат тука за вас. Ова се 11-те работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели…rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

1. Знаете дека ќе бидат тука за време на секој празник

rnСо вино или пиво во рака се одвојувате од останатите и си ги раскажувате сите сочни детали од семејната драма. Никогаш не ви е здодевно, а другите не можат да сфатат зошто не можете да престанете со смеење.rn

2. Скришно си праќате пораки под маса за време на семејните собири

rnАко се случи нешто урнебесно смешно за време на семејниот ручек, најпрво ќе го искоментирате тоа со вашите братучеди и тоа преку тајни СМС пораки за никој да не дознае дека му се смеете на чичко ви поради тоа што се опијанил и зборува глупости.rn

3. Ќе присуствувате на вашите венчавки и тоа нема да ви претставува обврска

rnМожеби дури и ќе му бидете кум на вашиот братучед или старосватица на вашата братучетка. Ќе се забавувате и со задоволство ќе присуствувате на овој голем ден од животот на вашите братучеди.rn

4. Сепак, постои голема веројатност дека се карате како браќа и сестри

rnВашите братучеди воопшто не се двоумат да ве прекорат доколку забележат дека сте станале на лева нога, а вие не се плашите да им кажете дека новата фризура им е катастрофа. Ќе бидете заедно до крајот на животот, така што најдобро е да бидете искрени едни со други.rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

5. Тие биле сведоци на чудниот тинејџерски период од вашиот живот

rnИ воопшто не се плашат да ве потсетат на тоа. Тоа подразбира потсмевање на вашите стари фотографии од средно училиште, шегување на сметка на вашиот лош стил на облекување и чудни хобија.rn

6. Можете да разговарате со нив за вашите проблеми

rnДали сестра ви е неподнослива во последно време? Братучедите се секогаш тука за да ви дадат паметен совет. Дали партнерот на братучетка ви се однесува лошо со неа? Со задоволство ќе разговарате за тоа и ќе го најдете вистинското решение.rn

7. Луѓето секогаш ви велат дека многу си личите

rnИ вам тоа воопшто не ви пречи, баш напротив! Се гордеете што толку многу си личите! На крајот на краиштата, сепак сте крвно поврзани и нема бегање од гените.rn

8. Ги разбираат и сочувствуваат со вашите семејни проблеми

rnСепак, се работи за дел од нивната фамилија и тие знаат колку незгодни можат да бидат одредени членови од семејството. Добро е да имате некој на ваша страна кога баба ви ќе ве праша кога ќе си „фатите дечко“.rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

9. Вашиот шкаф е полн со нивна облека

rnПостојано си разменувате и позајмувате парчиња облека, но никогаш не си ги враќате назад, бидејќи сепак сте семејство и сметате дека нема потреба за тоа.rn

10. Вашите родители постојано ве споредуваат

rnПонекогаш дури и ги мешаат вашите имиња. Но, ова не ве нервира, туку го сфаќате како комплимент.rn

11. Не би ја менувале вашата врска за ништо друго на светот

rnВие не сте само роднини, туку и најдобри пријатели. Има ли нешто подобро од тоа?rnrnДоколку можевте да се пронајдете во овој текст, прочитајте ги и 9-те причини поради кои братучедите ви се добри другари.