КАФЕ ПАУЗА

Потсетник за смирување за секој хороскопски знак

Потсетник за смирување за секој хороскопски знак

Во овој период на психолошка напнатост на сите ни треба совет како да се справиме со стресот и заробеноста во 4 ѕида. Еве што ви советуваат астролозите на оваа тема.rnrnПотсетник за смирување за секој хороскопски знакrn

Овен

rnВо ред е да успорите. Не мора секогаш да сте во движење, дозволено е понекогаш да земете здив и да дишете длабоко.rn

Бик

rnТоа што сакате да бидете безбедни не е ни малку лошо. Можеби мислите дека премногу бурно реагирате, но добро е да бидете подготвени и да се грижите за себе.rn

Близнаци

rnНе мора да знаете сè. Луѓето ве сакаат поради тоа што сте, не поради тоа што можете да направите за нив или за тоа што го знаете.rn

Рак

rnВашите најблиски знаат дека ги сакате. Не мора секоја секунда да правите сè за да ја докажете љубовта кон нив. Тие ја чувствуваат, верувајте. Запомнете го тоа.rn

Лав

rnВо ред е да признаете дека сте под стрес. Не мора да држите сè под контрола во моментов, не е целиот товар врз вас.rn

Девица

rnНе можете да сфатите дека нештата се поразлични од тоа како вие сте ги замислиле, но добро е да ги ослободите мислите. Нема да дозволите да ја изгубите контролата и не сте подготвени да прифатите пораз. Бидете разумни колку можете, тоа е исто така важно.rn

Вага

rnИма уште убави работи на кои треба да се посветите во моментов. Дури и ако е тешко да се најдат, добро е да се признаат и негуваат сега, повеќе од кога било.rn

Скорпија

rnНема засекогаш да останете во темнината, туку ќе ја пребродите ситуацијата и ќе продолжите понатаму. Ќе пронајдете нешто друго на што ќе се фокусирате, нешто што повторно ќе го осветли вашиот пат.rn

Стрелец

rnНе мора да правите сè. Сè уште сте целовита личност и покрај моменталните објективни ограничувања. Запомнете кои сте, пред да започнете да бегате од сè.rn

Јарец

rnОграничени сте во дејствувањето, но помирени сте со тоа. Во ред е да направете чекор назад и да се одморите. Вие тоа го заслужувате.rn

Водолија

rnСакате да го спасите светот, но прво мора да се спасите себеси. И вие сте важни, исто така. Не е себично да се грижите за себе.rn

Риби

rnВашата емпатија е дар, но не е дефиниција за тоа кои сте. Луѓето сакаат да бидат видени и слушнати, но потребно е и самите да си го овозможите тоа.rnrnМожеби сакате да прочитате и за најлошите емотивни навики на хороскопските знаци: Овните се импулсивни, а Вагата е неодлучна!rn