5 нешта во домот кои носат несреќа и 5 кои носат среќа

Сподели

Имате чувство дека постојано ве следи несреќа во животот? Можеби постои решение за тоа. Добро разгледајте го просторот во кој живеете. Токму тука се крие решението на вашите неволји.

Реклама

Според многу верувања овие нешта носат несреќа и негативна енергија:rn

1. Огледало свртено кон креветот

rnСе верува дека огледалото свртено кон креветот може да предизвика проблеми во љубовната врска бидејќи праќа негативна енергија во инаку добриот и здрав брак или врска.rn

2. Црна врата

rnБојата на влезната врата е најдобро да се одреди според страната на светот кон која е свртена. Вратата може да биде црна само ако таа гледа кон север.rn

3. Растенија со боцки

rnОстрите и шилести предмети исто така носат несреќа. Ако сакате вашиот дом да привлекува позитивна енергија, избегнувајте растенија со боцки.rn

4. Календар на погрешно место

rnКалендарот поставен близу до влезната врата на домот е потсетник за минливоста на животот и се верува дека влијае на траењето на животниот век на станарот.rn

5. Слики со бродолом

rnСликите или фотографиите со бродолом претставуваат немир и можат да влијаат врз однесувањето и енергијата на станарот.

За овие нешта, пак, се мисли дека носат среќа и позитивна енергија:rn

1. Свежо цвеќе

rnДоколку ставите цвеќе на некое видливо место во вашиот дом, среќата нема да ве заобиколи, но избегнувајте кактуси.rn

2. Обоена врата

rnДоколку влезната врата гледа кон јужната страна обојте ја во црвена или портокалова боја. Вратата која гледа кон север треба да биде сина или црна. Запад заслужува сива или бела боја, а онаа врата која гледа кон исток треба да има кафеава или зелена боја.rn

3. Распоред на мебелот

rnКружно поставениот мебел помага во протокот на енергијата. Креветот кој е свртен дијагонално пред вратата во спалната соба ќе го исполни домот со позитивна енергија.rn

4. Потковица

rnНекои култури веруваат дека коњската потковица над вратата носи среќа. Потковицата свртена нагоре осигурува среќни моменти. Потковицата свртена надолу го усреќува секој кој поминува низ вратата.rn

5. Ловец на соништа

rnЛовецот на соништа се поставува во спалната соба и се претпоставува дека ги штити станарите од кошмари.

Популарно

Може ќе ве интересира