Не мора да бидете зен монах за да ги почувствувате придобивките на зен будизмот. Доволно е да ги следите овие едноставни правила кои ќе го направат вашиот живот посреќен и исполнет. Ќе го почувствувате ефектот на овие вежби само доколку тие станат дел од вашата секојдневна рутина.rnrn
rn
1. Посветете се само на едно нешто
rnОва правило е едноставно, а ќе ви помогне да се фокусирате. Со други зборови, кога правите нешто, фокусирајте се целосно на она што го правите. Една зен поговорка вели: „Додека се движите, движете се. Додека јадете, јадете.“rn
2. Не брзајте
rnОбмислувајте ги нештата пред да ги направите и избегнувајте ги случајните и непромислените постапки.rn
3. Пред да поминете на следната задача завршете ја претходната
rnОткако ќе ја завршите задачата на која се фокусирате тогаш можете да преминете на следната.rn
4. Работете помалку
rnОва правило не се однесува на мрзеливоста. Се работи за идејата да бидете селективни при изборот на задачи на кои треба да се фокусирате.rn
5. Оставајте простор меѓу обврските
rnОва правило ќе ви помогне да се опуштите и да размислите што е тоа што правите и зошто го правите тоа.rn
6. Креирајте сопствени ритуали
rnПреку ритуалите им давате важност на нештата на кои работите. Тоа, од друга страна, значи дека ритуалите служат како потсетник за тоа колку одредени нешта ви се важни во животот.rn
7. Одвојте време за одредени работи
rnЌе ви биде полесно да развиете навика за извршување одредени задачи доколку самите си одредите време од денот кога ќе треба да ги извршувате. Така, направете си список на нешта кои ќе ги правите во одреден момент, како време за јадење, работа или одмор. Тоа ќе ви помогне да бидете попродуктивни.rn
8. Посветете време на медитација
rnВо животот на зен монахот, медитацијата е еден од најважните моменти во текот на денот. Можете да ја практикувате медитацијата во кое било време од денот, доволно е да седнете, да се опуштите и да ги набљудувате реакциите на вашето тело како и она што се случува околу вас.rn
9. Насмевнете се и помагајте им на другите
rnЗен монасите поминуваат голем дел од својот ден во служба на другите и на овој начин учат за понизност и емпатија. И вие можете да го следите ова правило така што ќе им помагате на другите во вашата заедница преку волонтирање или организирање добротворни манифестации.rn
10. Готвењето и чистењето на домот како еден вид медитација
rnОва е одличен начин за вежбање на фокусот. Така, во одреден дел од денот посветете го вашето целосно внимание додека бавно ги извршувате овие задачи. Тоа ќе ви помогне да бидете присутни во моментот и да се концентрирате на она што го правите.rnrnОткако прочитавте како зен правилата можат да ви помогнат да бидете попродуктивни, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те зен правила што ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и да бидете среќни.rnrnИзвор: hackspirit.com