Без разлика какви се вашите верувања, факт е дека зен будизмот нуди навистина одлични совети за личен и духовен развој. Зен будизмот се заснова на медитација и фокусирање на интуицијата и сегашниот момент. Ова е начин на живот, а овие правила можат да ви помогнат да го најдете потребниот мир и да се ослободите од опсесивните мисли.rnrn
rn
1. Никогаш не брзајте, имате време
rnСекогаш имате време да го направите она што го сакате, па не му дозволувајте на адреналинот да ве излаже или да паднете во замката на брзиот современ живот. Кога мислите дека мора итно да направите нешто, кажете си дека имате време и дека со брзање се прават само грешки.rn
2. Секогаш и секаде може да ви се случи чудо
rnНемојте да се преоптоварувате со неизвесноста, бидејќи половина од вашите грижи нема никогаш да се случат. Дозволете му на животот да се креира ден по ден. Направете она што можете, а на другите нешта дозволете им да се случат. Секогаш имајте на ум дека сè доаѓа во вистинско време и бидете подготвени за чуда.rn
3. Секој момент од животот е неизмерно важен
rnНе размислувајте што ќе се случи утре, туку живејте во моментот сега. Уживајте во секоја секунда од вашиот живот.rn
4. Бидете понизни
rnСекогаш треба да бидете умерени и понизни. Не им дозволувајте на гордоста и егото да ви ја одземат способноста да правите добро.rn
5. Направете нешто добро без да очекувате награда
rnНикогаш не правете добри дела очекувајќи нешто за возврат. Доколку сакате да направите нешто добро, направете го од желба да помогнете. Доколку седите на тронот, а на патот кон успехот не сте отвориле ниту една туѓа врата, ќе бидете најуспешната, но и најосамената личност на светот.rn
6. Ако сакате да пронајдете мир, престанете премногу да размислувате
rnСекој ден размислуваме за проблемите, обврските, сметките и имаме чувство како нашиот ум никогаш да не одмара. Обидете се со медитација да го ослободите умот од мислите кои ве мачат. Само така ќе го пронајдете мирот.rn
7. Сонот е најдобриот исцелител
rnСпијте колку што му е потребно на вашето тело и на вашиот ум. Замореното тело создава физичка и ментална болка.rn
8. Размислете пред да делувате
rnНемојте да донесувате никакви одлуки и немојте да правите ништо доколку претходно не сте размислиле за тоа. Важно е прво да сфатите кои се последиците на она што сакате да го направите.rn
9. Станете свесни за вашите зборови
rnОна што сте го кажале, никогаш не можете целосно да го повлечете. Па, станувајте свесни за вашите зборови уште пред да ги искажете.rn
10. Медитирајте секој ден, без изговори и прескокнување
rnМедитацијата е лек за душата. Не дозволувајте да помине ден без медитација. На овој начин ќе го исчистите вашиот ум и ќе привлечете мир.rn
11. Немојте да се каете за минатото
rnМинатото не ве дефинира, но ви помага да станете посилна личност. Немојте да се оптоварувате со нештата што не можете да ги промените. Пуштете го минатото, а подобрете ја иднината со добри дела.rn
12. Бидете достојни и почитувајте ги другите
rnСекој од нас заслужува почит, без разлика дали направил некоја грешка. Простувањето е најважниот дел од промената на животот, па најпрво простете си себеси, а потоа и на другите. Научете да живеете со достоинство и почит.rnrnПогледнете и кои се правилата за живеење според Далај Лама.
