Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…rnrn
rn
1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани
rnПред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.rnrn
rn
2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!
rnМожеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.rnrn
rn
3. Таа најдобро ве прегрнува
rnЗошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.rnrn
rn
4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него
rnЗарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.rnrn
rn
5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас
rnТаа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?rnrn
rn
6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените
rnЕдно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!rnrn
rn
7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа
rnОбожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.rnrn
rn
8. Таа никогаш не ве одбива
rnВие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!rnrn
rn
9. Вашиот однос не вклучува секс
rnБидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!rnrn
rn
10. Никогаш нема да „раскинете“
rnНе треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.rnrn
rn
11. Не постои притисок за подарок
rnОдеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.rnrn
rn
12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска
rnДали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!rnrn
rn
13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“
rnПа, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.rnrn
rn
14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата
rnВие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.rnrn
rn
15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас
rnНаместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.