Мора да признаете дека понекогаш колку свеќи и да запалите и колку и да пуштате романтична музика, едноставно не сте расположени за водење љубов. Тоа е сосема во ред, бидејќи не мора постојано да имате сексуални потреби. Но, ако забележите дека поминале со недели или месеци од последниот пат кога сте имале односи со партнерот, време е да обрнете внимание на следниве 10 уништувачи на либидото…rnrn
rn
1. Вниманието ви е одвлечено
rnКонечно имате малку време за партнерот и вие што правите? Го чепкате телефонот и одново прегледувате што се случува на почетната страница на вашиот Фејсбук профил. Веднаш престанете со ова и обрнете му внимание на партнерот.rn
2. Спалната соба ви е хаос
rnВерувале или не, сексуалната желба зависи од хигиената на домот. Кој би сакал да води љубов додека корпата е преполна со ѓубре, а на креветот имате оставено еден куп облека?! Не мора да направите којзнае каква генералка, но барем избришете прашина и наместете го креветот!rn
3. Сте се здебелиле
rnАко внимавате на тежината, овој проблем може да ви влезе во глава. Но, бидете сигурни дека неколкуте вишок килограми нема да му пречат на партнерот. Обидете се да разберете дека вашите сакани не се со вас поради вашето тело и вашата сексуална привлечност дефинитивно не зависи од салцето на стомакот.rn
4. Не вежбате доволно
rnКога чувствувате дека сте излегле надвор од форма, последното нешто што ви паѓа на памет е да се соблечете голи. Освен тоа, вежбањето ослободува ендорфини, хормони кои ја зголемуваат сексуалната желба.rn
5. Под голем стрес сте
rnЛесно е да заглавите во напорното секојдневие. Стресот е неизбежен дел од животот. Но, не смеете да му дозволите да влијае на вашиот сексуален живот. Вежбајте, медитирајте и релаксирајте се за да си ја вратите желбата за водење љубов.rnrn
rn
6. Имате холивудски очекувања
rnОние секс сцени што ги гледате на филмовите кога глумците спонтано ги соблекуваат маиците и водат љубов на трпезариска маса не се реални. Наместо да ги споредувате вашите сексуални искуства со оние од „50 нијанси сиво“, фокусирајте се на непредвидливите работи. Отворете се и бидете спонтани.rn
7. Премногу ви е удобно
rnСупер е тоа што можете да споделите многу работи со партнерот, од вашите најдлабоки стравови па сѐ до вашите приказни од тоалетот. Но, понекогаш преголемата удобност ја уништува желбата за секс. Сосема во ред е тоа што не ви се прави ништо освен да лежите во кревет по тренерки, но тоа не треба да го намали вашето либидо.rn
8. Има тензија во врската
rnИ покрај тоа што ве нервираат некои навики на партнерот, обидете се да не ѝ дозволите на тензијата да расте. Тензијата е главниот убиец на сексуалната желба. Мора отворено да разговарате, да ги решите проблемите и да се извините доколку сте погрешиле. Дури и да ви се чини дека разговорот ќе ги влоши работите, отвореноста може да го распламти вашиот однос.rn
9. Депресивни сте
rnДепресијата ве истоштува и ја „цица“ целата ваша енергија, вклучувајќи го и сексуалниот апетит. Ако земате антидепресиви, на тој начин уште повеќе го намалувате вашето либидо и си ги уништувате шансите да доживеете оргазам. Обидете се да ја најдете причината за вашата депресија и направете ги потребните промени за да го победите овој сериозен проблем.rn
10. Имате деца
rnВашите прекрасни деца можеби се производ на водењето љубов, но можат да бидат и главни „убијци“ на вашиот сексуален живот. Многу жени се плашат дека децата ќе ги слушнат додека имаат секс и затоа го одбегнуваат тоа. Но, вистината е дека мајките и татковците треба да имаат секс. Признајте си го тоа и фрлете се на работа!rnrnДоколку не ја пронајдовте причината за вашето намалено либидо, прочитајте ги и овие 4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс.