КАФЕ ПАУЗА

10 причини да излегувате со помладо момче

10 причини да излегувате со помладо момче

Одвреме-навреме може да налетате на помлад дечко и со тоа да ја добиете привилегијата да бидете во врска со него. Вашите другарки можеби ќе ве посоветуваат да не го правите тоа, но, постојат премногу добри причини за да се впуштите целосно во авантурата.rnrn10 причини да излегувате со помладо момчеrn

1. Секси е

rnПрвата и основна причина зошто да излегувате со помладо момче е многу очигледна – затоа што изгледа добро. Младите момци обрнуваат повеќе внимание на својот изглед, додека зрелите мажи ги носат доказите од испиените пива во нивните стомаци. Па која девојка не би сакала да допира цврсти мускули, без разлика дали обвиени во кошула или голи?rn

2. Не му е гајле каде работите

rnПостарите момци очекуваат повеќе од жените со кои се забавуваат. Ако му кажете на помлад дечко што работите, тој ќе ви рече дека е тоа кул, иако веројатно не разбира што точно подразбира вашата професија. Нему веројатно вашата работа му е последното нешто што би му паднало на памет.rn

3. Не очекува да му родите деца

rnСакате да патувате, да се фотографирате покрај знаменитостите во големите светски метрополи? Тоа е во ред. Младиот „момак“ сигурно ќе сака да ви се придружи во остварувањето на вашите соништа. Постарите момци обично брзаат да се оженат и да имаат деца. Тие го имаат испланирано својот живот, а во неговото сценарио сте и вие.rnrn10 причини да излегувате со помладо момчеrn

4. Ги знае сите кул места

rnАко сте девојка која сака да се забавува, започнете врска со помлад дечко. Тој ќе ги знае сите места каде што има добри журки и ќе ве запознава со кул луѓе. Повозрасните девојки се обично поздодевни од младите момци, па ако одлучите да се забавувате со помлад дечко, автоматски и вие ќе бидете покул. Младите момци обично и разбираат што е добра музика.rn

5. Ќе ве третира како злато

rnПомладите момци обично се емотивно сè уште приврзани за нивните мајки, па ако налетате на вистинскиот, големи се шансите да ве третира како злато. Иако мислите дека ова можеби не е добро, сепак тоа значи дека тој има почит кон постарите жени, па очекувајте да ви ја отвора вратата и да ви помага кога носите нешто тешко во рацете.rnrnДоколку се осамостоил и не живее повеќе со неговите родители, ова е бонус знак бидејќи тој знае да се грижи сам за себе, а сепак ја цени својата мајка, што значи дека ќе ве цени и вас.rn

6. Вие сте неговиот трофеј

rnАко сте „кугар“ жена, знаете дека вашиот помлад партнер сака да ве покажува. Повозрасните мажи претходно имале скршено срце, па немаат доволно почит кон жената за да ја постават на пиедестал. Не само што помладиот дечко ќе се фали пред пријателите дека излегува со жена, туку со постара жена, а тоа значи и дека знаете многу повеќе за сексот од сите нив, вклучително и од нивните девојки. Привилегија е да се биде негов трофеј, а младиот маж знае колку е среќен што ве има.rn

7. Сексот

rnДоаѓаме до вистинската причина. Ако излегувате со помладо момче, знаете дека причината за тоа е сексот. Признаваме дека постарите момци знаат повеќе потези во спалната соба и знаат како да задоволат жена. Но, младите се подобри. Младите момци се во предност пред постарите заради 3 работи: љубопитни се, поиздржливи се и благодарни се.rnrnЉубопитноста е многу важна за добар секс. Џабе е ако искусниот маж знае што прави, ако го прави секојпат истото. Младиот дечко може подолго да издржи и згора на тоа, ќе биде благодарен бидејќи е среќен што успеал да добие секс со вистинска жена. Тој секогаш ќе биде на вашиот праг за да се погрижи да бидете задоволени, како би си осигурал редовен секс. Ова исто така е и одлично за вашата самодоверба.rnrn10 причини да излегувате со помладо момчеrn

8. Отворен е за светот околу него

rnОвие момци знаат како да го живеат животот и постојано ќе ве потсетуваат вас на тоа. Тие ги гледаат работите од поинаква перспектива, реагираат на нештата, филозофираат за работите. Ова може да биде право освежување од животниот стил на позрелите мажи кои само сакаат да седат дома после работа и да го гледаат натпреварот на телевизија.rn

9. Не ви шефува

rnМладиот дечко или ќе мисли дека сте на исто ниво или дека вие сте на повисоко ниво од него, што е и почест случај. Колку пати додека сте биле се постар маж сте слушале како требало или не требало да завршите некоја работа, да изберете подобра кариера или да облечете друг фустан за излегување. Помладиот дечко никогаш нема да ви кажува што да правите, бидејќи и тој самиот сè уште нема сфатено кој е.rn

10. Полесно е да излезете на крај

rnМажите на сите возрасти понекогаш прават и кажуваат глупави работи, но полесно е да излезете на крај со некој дваесет и нешто годишен отколку со постар. Од помалку зрелиот маж дури и би очекувале, па и полесно би прифатиле глупост. Од зрелиот би очекувале многу повеќе.rnrnАко сè уште не сте, почнете врска со помладо момче. Ќе ни бидете благодарни за советот.rnrn10 причини да излегувате со помладо момчеrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.