Повеќето од нас, особено жените, тежнееме за здрава и блескава кожа. За да го постигнеме ова следиме секакви општи практики за убавина, без притоа да знаеме дали тие се добри за нашата кожа или не. Додека го правиме тоа, свесно или несвесно, ние повеќе си штетиме отколку што си помагаме. Информираноста за овие погрешни практики за убавина ќе ви помогне да ја сочувате вашата кожа здрава и убава.rnrn
rn
1. Го миете лицето рано наутро
rnСекојдневна рутина е да го миете лицето, дури и пред да започнете со денот. Но, користењето груби средства за миење во раните утрински часови, може да ѝ наштети на вашата кожа на тој начин што ќе ги отстрани сите есенцијални масла. За здрава кожа, едноставно измијте се со вода и нанесете крем со заштитен фактор 15 или поголем.rnrn
rn
2. Го игнорирате вратот
rnПравите сè за вашето лице да изгледа добро, а притоа го игнорирате вратот. Не заборавајте да нанесете крема и на него затоа што разликата помеѓу лицето и вратот е јасно видлива.rnrn
rn
3. Користите пегла за коса
rnНе користете ја пеглата за коса кога не е неопходно. Таа ја оштетува косата повеќе од фарбањето и ја прави да изгледа доста груба.rnrn
rn
4. Користите премногу шминка
rnЖените треба да се сакаат онакви какви што се. Носењето премногу шминка е исто како да ставате маска. Задржете ја природната убавина, а доколку одредени прилики бараат користење шминка, тогаш не претерувајте и нанесете помал слој.rnrn
rn
5. Вежбате и спиете со шминка
rnВо текот на денот, кога е топло, телото се лади преку потењето и потта навлегува во порите. Носењето шминка ги блокира порите и тоа предизвикува појава на акни. Затоа, пред спиење избришете ја вашата шминка и исчистете го лицето со средство за чистење.rnrn
rn
6. Мократа коса ја оставате во крпа
rnОднесувајте се со вашата коса со љубов и грижа. Влажната и заплеткана коса е слаба, па не е добро да ѝ нанесувате дополнителна штета. Завиткувањето на вашата коса во крпа и нејзиното триење од неа може да го уништи вашето влакно и целосно да ја оштети.rnrn
rn
7. Користите сламки за пиење
rnКористењето сламки за пиење сок, кафе или чај може да предизвика брчки на вашето лице. Затоа, избегнувајте ги што повеќе!rnrn
rnrnЗа да ја заштитите вашата кожа, вметнете ги здравите навики во вашето секојдневие и спречете ги лошите ефекти на вашето тело!