Бикот обожава да лиже шлаг и чоколадо од телото на партнерот, близнаците сакаат да си играат со секс-играчки, водолијата мечтае за групен секс, а рибите обожаваат сензуални стапала, мрежести чорапи и штикли. Прочитајте кои се фетишите на секој хороскопски знак, кога станува збор за сексот.rnrn
rn
Овен – адреналински секс
rnСтрасните припадници на овој знак, најголемо задоволство пронаоѓаат во суров секс, полн со адреналин. Додека водат љубов, обично ги слуша целиот комшилак, а најголем фетиш им е сексот во вода, без разлика дали се одвива под туш или во море. Обожаваат и секс на необични локации, како лифт или тесно веце, како и садо-мазо игри кои вклучуваат борење, влечење за коса, удирање по задникот и гризење.rn
Бик – лижење чоколадо и шлаг од партнерот
rnЗа припадниците на овој знак, сексот претставува врвен спој на сите најголеми задоволства, па затоа во него вклучуваат и афродизијаци како шлаг, чоколадо, вино и коцки мраз, со кои сакаат да си играат по телото на партнерот. Долги и влажни бакнежи, играње топло-ладно, детално оближување на телото на партнерот и разни варијанти на орален секс, се нивните најголеми фетиши.rn
Близнаци – секс-играчки
rnДетската природа на претставниците на овој хороскопски знак, доаѓа до израз и во постелата. Вибратори, лисици, куглици и други помагала, не се нешто непознато за љубопитните близнаци, кои со сета сила се трудат сексот со нив да биде и остане неповторливо искуство.rn
Рак – дразби на кожата
rnАко ги прашувате нив, тие би ви рекле дека во сексот најважна им е сензуалноста и емоциите. Сакаат долги предигри и допири на брадавиците. Меѓу нивните фетиши се вбројуваат носење кожни костими и корсети, па и камшикување. Женските претставнички сакаат да експериментираат и заземајќи разни секс-улоги како келнерки, секретарки, медицински сестри и слични ликови.rn
Лав – ризични ситуации
rnНив најмногу ги возбудува сексот на отворено, и тоа на места каде во секој момент би можел некој да помине и да ги види. Не им се непознати непристојните допири под маса или секс на плажа и во море на дневна светлина. Би можело да се каже дека нивниот омилен фетиш е стриптизот.rn
Девица – потчинување
rnИако во животот сакаат да имаат чувство на контрола, девиците во сексот се сосема поинакви личности. Омилен фетиш им е улогата на потчинет сексуален роб, кој ја трпи самоволјата на господарот/ката. Јажиња, лисици, вратоврски, свилени марами, сè може да послужи за остварување на фетишот на потчинетост на девицата.rn
Вага – задник
rnПрипадниците на овој знак во сексот се многу игриви, а не им е непознато и играњето разни улоги, како и секси разговори со партнерот за остварување на некакви фантазии. Сепак, задникот им е најомилен дел од телото, околу кој се концентрира нивната возбуда, па затоа сакаат да го грицкаат, плескаат и масираат, а истото посакуваат да им го прави и нивниот партнер.rn
Скорпија – мистичен секс
rnПрипадниците на овој знак имаат исклучително нагласено либидо, а обожаваат секс со превез на очите на нивниот партнер. Воедно, фетиши им се и други мистични форми на доминација, а колку повеќе имаат секс, толку повеќе го посакуваат. Во оние периоди кога им е нагласено либидото, скорпиите се расположени да ги испробаат сите секс-пози кои можат да ги замислат и сите локации за секс кои можат да ги „тестираат“. Гаража, темен парк, паркиран автомобил на полујавно место, темни улички, на плажа ноќе… сето ова доаѓа предвид за скорпиите.rn
Стрелец – секс на отворено
rnНема да биде воопшто чудно ако припадниците на овој знак застанат среде автопат за да имаат секс во некоја грмушка. Секогаш би избрале секс во авион или пак на брод, шатор или во отворен парк. Не им е потребна некоја посебна облека за да се возбудат, но затоа ги пали „валканиот разговор“.rn
Јарец – сè би пробал по еднаш
rnИако имаат навидум ладна природа, на тема секс тие се ентузијасти и сакаат да истражуваат. Ако ги прашувате нив, тие би ги пробале сите сексуални игри и фетиши барем еднаш. Од секс во тројка и секс на височина, до играње разни секс-улоги, нема нешто што не ги возбудува јарците. Во сексот се спонтани и отворени и сакаат да се навраќаат на пози кои им се проверени и во кои тие доминираат.rn
Водолија – мечта за групен секс
rnСајбер секс, телефонски секс, секси четување и други облици на секс на далечина, не им е воопшто непознат на припадниците на овој знак. Еден од нивните најголеми фетиши е групниот секс, без разлика дали во него ќе доминираат мажи или жени. Имаат склоност кон перверзни работи, па затоа им е важно крај себе да имаат партнер покрај кого нема да се чувствуваат чудно поради нивните необични желби.rn
Риби – мрежести чорапи, штикли и стапала
rnЗа низ стапалата се најважна ерогена зона. Сексот им се врти околу овој дел од телото. Уживаат во масажи на стапала и секси облека која го истакнува овој дел од телото. Сакаат да гледаат филмови за возрасни додека имаат секс, како и да го снимаат сексуалниот чин со партнерот или да направат неколку секси фотки. Имаат навистина бујна фантазија.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
