КАФЕ ПАУЗА

10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде сама

10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде сама

Written by

in

,

На многумина им е чудно што некои луѓе сакаат да бидат сами. Не им е јасно како им е забавно или што воопшто прават додека се сами. Ако познавате девојка која сака да биде сама, важно е да разберете некои работи кои ќе ви помогнат да ја сфатите нејзината желба.rnrn10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде самаrn

1. Не е поосамена од оние кои не сакаат да поминуваат време сами

rnПоради некоја причина, луѓето веруваат дека ако сте сами, тогаш сте и осамени. Девојките кои се сами немаат потреба постојано да бидат опкружени со луѓе. Сигурно се прашувате зошто сакаат да се изолираат на неколку денови. Навистина е тешко да замислите зошто некој би одбрал да биде сам. Едноставно, тие се поспособни кога поминуваат доволно време со себе. Знаат дека другите луѓе не се причина за осаменост, туку самата помисла дека сте сами го прави тоа. Запомнете, можете да се чувствувате осамено дури и кога сте опкружени со многу луѓе.rn

2. Креативна е

rnБез разлика дали чита книги, пишува поезија или се бави со некоја уметност, девојките кои сакаат да бидат сами се навистина креативни. За креативноста потребна е осаменоста. За да бидете сами, потребно е да бидете креативни. Креативноста може да биде многу лична активност поради емоциите кои се ослободуваат. Тие ја сакаат уметноста бидејќи со неа никогаш не се чувствуваат осамено.rn

3. Нема да се откаже од себе за љубов

rnОвие девојки нема да се откажат од својата слобода за љубов. Ова не значи дека не сакаат да се заљубат, туку дека им е важно да поминуваат време сами и очекуваат партнерот да го разбере тоа. Често може и да одберат партнер кој го сака истото. Сите врски бараат жртви, но овие девојки не се откажуваат од времето за себе.rn

4. Станува личноста која треба да биде

rnКога поминувате многу време со себе постојано размислувате за тоа каква личност сте. Се соочувате со вашите чувства, реалност и соништа со цел да ги споите. Всушност, кога сте сами можете да ја слушнете вашата внатрешна мудрост, или која и да е моќ во којашто верувате, која ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат.rn

5. Може да биде повредена, иако не го покажува тоа

rnОвие девојки изгледаат како многу лесно да преболуваат. Сепак, не е така лесно како што изгледа. Едноставно тие се справуваат на поинаков начин со болката. Го користат времето поминато со себе за да ја разберат тагата и лошите емоции. И тие можат да бидат повредени, само се научени самите да се справат со тоа.rn

6. Кај пријателите важен ѝ е квалитетот, а не квантитетот

rnОва до некаде е очигледно бидејќи се дружи со малку луѓе. Она што не е очигледно е важноста која им ја придава на луѓето кои ги сака. Ако сте пријател со девојка која сака да биде сама, вие сте посебни. Ѝ значите многу и таа би направила сè за да останете во нејзиниот живот. Сте ја разбрале, а тоа е нешто што малкумина го можат.rn

7. Најдобро работи кога е сама

rnТимската работа е важна, па дури и девојките кои сакаат да бидат сами одвреме-навреме ја ценат помошта. Сепак, тие работат најдобро кога се сами. Не сфаќајте лично кога ќе ја одбие вашата помош. Таа знае колку е способна и секогаш ќе ја заврши задачата на време.rn

8. Има длабоко разбирање за животот

rnДа поминувате време сами и навистина да уживате во тоа значи дека сте откриле начин да го цените животот и да го гледате подлабоко. Поради ова на овие девојки не им се потребни луѓе или активности со кои ќе го минуваат времето. Седењето во тишина им е сосема доволно за да се чувствуваат задоволно.rn

9. Губи енергија од социјални собири

rnОва не значи дека овие девојки не сакаат да се дружат, но најчесто сакаат да се фокусираат на личноста пред нив. Кога се опкружени со многу луѓе нивната енергија се троши. Тие ги впиваат сите информации од луѓето околу нив, па потребна им пауза помеѓу две средби.rn

10. Трпеливо го чека она што е нејзино

rnОвие девојки имаат откриено нов начин на чекање. Ова не значи дека не преземаат контрола над нивниот живот кога има потреба од тоа. Тие знаат кога е потребно да се делува, а кога да се чека. Тие не очекуваат животот да им даде сè што сакаат. Самотијата им помага да разберат дека животот не е постојано полн со возбуда и големи успеси. Знаат дека животот е полн со монотони денови, неодговорени пораки и откажани планови.rnrnПогледнете и зошто самотијата е добра за вашето здравје.