КАФЕ ПАУЗА

15 начини секојдневно да го прославувате Денот на вљубените

15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој ден

Поминаа тие 24 часа кога се прославува Денот на вљубените. Но, сите знаеме дека љубовта треба да се слави секој ден, а не еднаш годишно. Па, како да ја одржувате љубовта во врската во текот на целата година? Успешните врски не се едноставни и бараат да се вложи многу труд, особено ако сте зафатени и постојано уморни. Но, замислете си врска во која блискоста, чоколадите и љубовните пораки се секојдневие, а не исклучок! Звучи прекрасно, се согласувате? Ова се 15-те начини како да го прославувате Денот на вљубените секој ден…rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

1. Не им обрнувајте внимание најпрво на милениците

rnКолку пати сте се вратиле дома од работа и прво сте се поздравиле со вашето куче, а дури потоа со партнерот? Секогаш кога ќе си дојдете дома најпрво поздравувајте се со саканиот или саканата, па потоа со децата и со милениците.rn

2. Средете го хаосот

rnКој сака да живее во хаос? Секако дека никој! Одвојте неколку минути за да го средите домот и ќе бидете посмирени, а и вашиот партнер ќе биде задоволен.rn

3. Цвеќињата не се само за посебни прилики

rnНекои луѓе не сакаат цвеќиња, но повеќето сакаат, па дури и мажите. Кој би можел да одолее на букет од балони со љубовна порака?!rn

4. Постојано приредувајте изненадувања

rnПостојано одбирајте нови ресторани и места за излегување, испланирајте ненадејно патување, подгответе романтична вечера без никаков повод, измасирајте го партнерот. Ова се мали работи што можат да направат чуда за да го зацврстат вашиот љубовен однос.rn

5. Излегувајте на љубовни состаноци

rnОва е многу важно за секоја љубовна врска. Еднаш неделно одете на љубовен состанок и тоа нека ви биде еден вид ритуал. Дури и да имате деца, многу е важно да поминувате време сами заедно. Децата ќе забележат дека вашата љубов расте и ќе бидат среќни што нивните родители сакаат да се заедно.rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

6. Праќајте си љубовни пораки

rnНека ви биде цел да испратите барем една љубовна порака неделно. Тоа можете да го направите преку СМС порака, да оставите порака на огледалото во тоалетот или во автомобилот. Можете да напишете порака на тема „50 прекрасни сеќавања што ги имам со тебе“ или „50 причини зошто те сакам“.rn

7. Вложувајте во врската

rnНе дозволувајте да помине годината без да одите на брачен семинар, да почнете со некој курс што и двајцата ќе ве интересира или да побегнете од светот. Овие работи се совршени за да се зближите повеќе.rn

8. Дознајте сѐ за вашиот партнер

rnЦелта нека ви биде да научите сѐ што можете за вашиот сакан или сакана. Бидете љубопитни и поставувајте прашања. Дознајте која им е омилената боја, чоколадо или најубаво сеќавање од детството.rn

9. Немојте постојано да одговарате со „Да, злато“

rnНемојте да го смирувате партнерот. Тоа не е во ред и нема да ѝ помогне на вашата врска. Ако не знаете што се случува со саканата личност и зошто се однесува невообичаено, прашајте. Доколку не можете моментално да завршите некоја работа, кажете го тоа отворено наместо да давате празни ветувања.rn

10. Бранете се меѓусебно

rnНема поубаво чувство од тоа кога знаете дека има некој до вас кој ве чува и штити. Бранете ја вашата љубов и чест.rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

11. Пофалете се со вашиот партнер

rnЕднаш неделно, без разлика дали се работи за пријател или колега, пофалете се со вашиот партнер. Вашата сакана личност ќе дознае за тоа и ќе се почувствува прекрасно.rn

12. Не правете споредби

rnТревата е секогаш позелена кај соседот. Нормално дека постојат луѓе со поубава коса или со повитка линија, но никако немојте да правите споредби. Не заборавајте дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот.rn

13. Одржувајте контакт со очи

rnДобриот контакт со очи е знак за грижа и внимание. Залутаниот поглед кажува дека партнерот не ви значи доволно. Кога вашите сакани зборуваат, слушајте ги внимателно и гледајте ги право во очи.rn

14. Почнувајте го и завршувајте го секој ден со држење раце

rnБидете дел од оние парови чија љубов не згаснала дури и по 50 години заеднички живот. Држете се за рака и изјавувајте си љубов. Редовно искажувајте ја вашата благодарност и за најмалите гестови, како на пример ако партнерот ги измил садовите.rn

15. Не го повишувајте тонот

rnНикој не сака слуша викање. Никогаш не правете го ова!rnrnДоколку навистина сакате да го зацврстите односот со партнерот, прочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска.