rn
6. Тексас здолниште + голи раменици
rnТоа што пристигнува есента не значи дека не можете да покажете малку повеќе кожа. Барем во најтоплиот дел од денот. Немојте да се плашите да си играте со различни парчиња облека, па дури и со оние кои на прв поглед ви изгледаат како да не припаѓаат на одредено годишно време. Ова сигурно ќе биде една од вашите омилени модни комбинации за оваа сезона.rnrn
rn
7. Мини здолниште и мрежести хулахопки?
rnМрежестите хулахопки се апсолутен хит оваа година, без разлика дали ги комбинирате со искинати фармерки, со здолниште, фустан, па дури и во некои случаи и со тренерки. Тие ќе направат да изгледате поатрактивно, а и се одлична опција додека температурата не падне под нулата.rnrn
rn
8. Тексас врз тексас
rnКомбинирањето тексас парчиња со различни нијанси е нешто што се носи веќе подолг временски период. Постои шанса дека тексас врз тексас трендот нема никогаш да излезе од мода. Со овој стил никогаш нема да погрешите.rnrn
rnrn
9. Деведесетти
rnКомбинацијата од тексас мини здолниште и чизми над колена е повторно хит. Ако сакате да ја нагласите вашата модна комбинација, тогаш надополнете ја со впечатлив каиш и авијаторски очила за сонце.rnrn
rn
10. Долго здолниште
rnКако што веќе кажавме, првата асоцијација за тексас здолништето е мини здолниште. Со оглед на тоа дека сега повторно се актуелни долгите здолништа, тогаш зошто да не би ја испробале и подолгата тексас варијанта? Долгото тексас здолниште може да изгледа подеднакво добро како и краткото, особено ако го комбинирате на вистинскиот начин.rnrn
rnrnСекогаш бидете во чекор со модата, а ова се клучни тексас парчиња облека што ќе се носат на почетокот на есента.
