10 комбинации со тесни фармерки и бела маичка за секоја пригода

Сподели

Има денови кога сакате и можете да вложите време и енергија во својот изглед, но има денови кога едноставно сакате да облечете фармерки и маичка. Тесните фармерки и белата маичка може да бидат основа на секаков изглед, и токму затоа секоја девојка треба да ги има во својот гардеробер. Ова се 10 комбинации со бела маичка и тесни фармерки за секоја пригода.

Реклама

rn

1. Класично и женствено

rnИзберете класична комбинација со која никогаш нема грешка, кремав есенски капут и балетанки со леопрадски дезен како и чанта во темна и смела боја како вино црвена, сето тоа во комбинација со основата, фармерки и бела маичка. За да го зачините овој изглед може да одберете и златно синџирче како алка, и елегантна фризура со марама за коса за малку шмек од 50-тите.

rn

2. Спортски и слободно

rnОваа комбинација е слободна и доста практична, совршена за поопуштени пригоди, но сепак малку тренди. Маичката и фармерките искомбинирајте ги со спортски патики за трчање, еднобоен ранец и тренди еднобојно капче со монисти. Може да го надополните изгледот со спортски часовник и тенка едноставна јакна.

rn

3. За кул девојките

rnДоколку сте љубители на кежуал и удобен изглед, оваа комбинација е вистинската за вас. Совршена е за на училиште или за некои поопуштени настани, а омилена на спортските девојки. Над белата маичка облечете удобна карирана кошула, одберете чизми со врвци над глужд и завршете со кул плетено капче. Може да додадете парче едноставен накит по избор.

rn

4. Гламурозна девојка

rnКој вели дека едноставното не е гламурозно. Сè е во деталите и аксесоарите, па обрнете им повеќе внимание. За да искомбинирате тесни фармерки и маичка за вечерен изглед, најпрво оберете впечатливи потпетици кои го влечат вниманието кон себе. Важно е да имате едно парче голем и впечатлив накит. Завршете го изгледот со слатка вечерна плик чанта.

rn

5. Кул со старки

rnТесни фармерки и бела маичка со фармерско палто и високи старки се секогаш добитна, а едноставна комбинација. За да го завршите изгледот ставете го омиленото парче накит, како и очила за сонце.

rn

6. Земјени тонови

rnЕдноставна комбинација која шири топлина. Клучен елемент во овој изглед е марамата со топли тонови и интересен принт во ацтеки или племенски стил. Продолжете со еднобојна мала чантичка за преку рамо во индијански стил и сандали на висока плута. Може да додадете и парче накит и фармерско палто.

rn

7. Слатка и женствена комбинација

rnАко сте слатка девојка која обожава пастелни бои, тогаш фармерките и белата маичка искомбинирајте ги со розов џемпер и слатки ниски балетанки со панделка. Секако, едноставни обетки од бисери се задолжителни, а може да додадете и марама за коса и да ја врзете како панделка.

rn

8. Смело

rnСмела комбинација за бестрашните девојки кои не се плашат да бидат свои. Искомбинирајте ги фармерките и маичката со кожна јакна и високи црни потпетици до глужд. Може да додадете и парче впечатлив накит и плик чанта, обична или за преку рамо.

rn

9. Комбинација со оксфордки

rnПрактичен есенски изглед, инспириран од машкиот гардеробер. Одберете пар ниски оксфордки и црн капут и завршете го изгледот со голем и впечатлив часовник. По желба може да додадете и марама или шал.

rn

10. Елегантно и женствено

rnКласичен и едноставен изглед за женствените и смели девојки. Одберете кожни високи чизми, кои се удобни и добро изгледаат во секоја комбинација. Продолжете со црно елегантно сако и мала црна чантичка за преку рамо. Совршено би го завршиле изгледот со фризура во пунџа и кратка марама за околу врат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира