Некои знаци се поемотивни од другите, но сите имаат свои слабости кои предизвикуваат солзи во нивните очи. Дознајте што може да го расплаче секој хороскопски знак.rnrn
rn
Овен
rnМногу сте суетни и емотивни, па личноста која многу ви значи може лесно да ве повреди ако ве изневери, напушти или излаже. Плачете затоа што сте немоќни да ѝ се одмаздите поради тоа што сè уште ја сакате. Исто така сте осетливи на деца, какво било насилство над нив кај вас предизвикува огромен отпор и тага, посебно ако не можете никако да им помогнете.rn
Бик
rnСите мислат дека сте практични затоа што стоите цврсто на земја и ништо не може да ве помести. И тоа е точно, но кога ќе почнат да ве прогонуваат сеќавањата за незаборавната љубовна романса која не сте ја оствариле, солзите сами почнуваат да се тркалаат по вашето лице. Патите во тишина, со омилената музика и пијалак кој сте го пиеле заедно. Го игнорирате телефонот сè додека самите не ја надминете тагата, иако знаете дека тоа е невозможно.rn
Близнаци
rnОбично плачете кога нешто не ви е дозволено, а вие сте немоќни да преземете што било околу тоа. Поради вашата непостојана и чудна природа вие сте во состојба да плачете за работи кои се потполно небитни за сите во вашата околина. Недостатоците на љубезност, почит кон постарите личности и грижата кон нив ве растажува, затоа што вие на некој начин најдобро ја разбирате нивната „трета доба“.rn
Рак
rnПоради нагласената суета вие сте во состојба да се расплачете во големо друштво, кога некој ќе ве повреди, па не можете да сјаете онака како што сте навикнати или како што вие сакате. Меѓутоа, ако некој од вашите блиски e болен или му е потребна помош, ќе го ангажирате целото семејство, ќе ги известите сите за кои сметате дека можат некако да помогнат, иако вам ќе ви биде најтешко лично да се погрижите за таа личност.rn
Лав
rnБолест или лоша здравствена состојба на некој близок член од семејството или ситуација во која не можете да ја заштитите фамилијата, може да ве доведе до очај и чувство дека рацете ви се врзани. Агресивното однесување, посебно кон децата и животните, може навистина да ве растажи. Можеби нема да покажете солзи на јавно место, но сигурно нема да ви биде лесно да ги задржите, затоа што сте многу чувствителни кога се во прашање беспомошните и незаштитените.rn
Девица
rnМногу тешко ви паѓа кога е повредено вашето его, но почесто знаете да се расплачете поради судбината на другите отколку поради својата. Посебно сте чувствителни кон постарите и беспомошните лица, па посетата на старечки дом може особено да ве растажи. Кога забележувате мало напуштено маче или куче, целото тело сака да отиде до тоа мило животно кое ве повикува со поглед: „Зошто не ме земеш?“rn
Вага
rnИако умеете да реагирате емотивно и бурно, вас не е лесно да ве расплачат, затоа што по природа сте воздржани. Се згрозувате од сцени на плачење на јавни места и изразување чувства пред други, но личноста која ја сакате може лесно да ве повреди ако ве изневери, залажува и лаже. Кога сте дома и ја тргате маската на ноншалантноста и шармот, плачете колку што можете притиснати во перница и се колнете во себе дека никогаш и на никој нема да му дозволите повторно така да ве изигра.rn
Скорпија
rnМожете да заплачете ако навистина сте воодушевени од некои значајни случувања, без разлика дали тоа е свечен прием, свадба, венчавка, раѓање или крштевање на бебе. Ако сте импресионирани од успесите на вашите пријатели или роднини на кои сте им помогнале, тешко ви паѓа доколку поради некоја причина ве разочараат или излажат.rn
Стрелец
rnВи доаѓа да се расплачете од жал кога ќе останете без пари, затоа што тогаш ве фаќа паника поради неповолната финансиска ситуација во која сте едноставно немоќни, а вие не го сакате чувството на немоќ и сиромаштија. Исто така емотивно ве погодува неправдата кон луѓето кои страдаат поради болести и сиромаштија, беда или природни катастрофи, додека другите профитираат на нивната мака.rn
Јарец
rnКако што ги прелистувате семејните албуми со стари фотографи, вас ве обзема необјаснива меланхолија која предизвикува солзи во вашите очи. Го затворате албумот и отворате дрвена кутија, убаво украсена, во која чувате љубовни писма. Ако сте млади, ги прелистувате пораките на мобилниот или мејловите кои сте ги добиле од личноста која сте ја сакале, а сега живее во друга држава.rn
Водолија
rnГлавно плачете кога ќе „паднете во јама која сами сте си ја ископале“, најчесто поради љубовниот партнер кој ве оставил, затоа што многу сте му ветувале, а ништо не сте исполниле. Сепак, вашиот конструктивен мозок работи со „триста на час“ и смислува како да ги запре солзите. Пријателите можат да ве направат тажни ако ве изневерат, како и безобразните луѓе, вестите за оставени бебиња, злоупотребени деца, бегалци и хуманитарни катастрофи.rn
Риби
rnВие припаѓате на еден од најчувствителните и најсуетните знаци, па лесно се расплакувате, посебно ако се почувствувате изневерено или изманипулирано од некоја личност која ја сакате. Солзите лесно ви навираат и кога гледате романтичен љубовен филм или серија која ја обожавате, а може емотивно да ве погоди и кога ќе слушнете како некој малтретира животни кои никому не му погрешиле. За да се заштитите, вие преку фантазирање и патување бегате од таквата реалност.