Прочитајте ги овие десет гурмански рецпети за сендвичи кои лесно можат да ве најадат со оглед на тоа колку се богати со хранливи материи и различни вкусови.rnrn
Сендвич со смокви и пршута
rn
Помеѓу две парчиња чијабата леб ставете тенко исечени парчиња пршута, едно парче моцарела сирење или некое друго сирење кое лесно се топи, сечкани смокви (може и суви) и рукола. На крај сендвичот ставете го во тостер за да се стопи сирењето и да стане крцкав.
rnrn
Сендвич со колбас и пиперки
rn
Купете колбас кој содржи што е можно повеќе месо и испржете го во малку маслиново масло. Потоа во истото масло пропжрете исечкани црвени, жолти и зелени пиперки со малку кромид. На крајот сето тоа ставете го помеѓу две парчиња мек леб и ќе добиете превкусен шарен сендвич.
rnrn
Отворен сендвич со бадеми
rnВо блендер направете пире од бадеми, сок од лимон, малку кора од лимон, маслиново масло и жалфија. Намачкајте ја смесата на парче леб, а врз неа ставете парче сирење. Потоа сето тоа ставете го на скара за да се растопи сирењето.
rn
Крцкав господин
rnОвој прилично едноставен традиционален француски оброк се подготвува така што помеѓу две парчиња леб се ставаат тенки парчиња шунка, сирење Ементал или Гриер и сенф. Пред да се послужи се става во тостер за да добие румена боја и да се растопи сирењето.
rn
Лионски сендвич
rnВрз парче потпечен леб ставете ендивија или некое друго зелјесто растение со горчлив вкус, а врз нив парче сланина и едно јајце на око. На крај попрскајте со малсиново масло и зачин по желба.
rn
Отворен сендвич со јаткасти плодови
rnОдберете комбинација од овошје и јаткасти плодови која ја обожавате и намачкајте ја врз парче крцкав леб. Можете да бирате меѓу бројни комбинации, како на пример банана, мед и бадеми или кајсии и ф‘стаци. Направете пире од овошјето, намачкајте го врз лебот и попрскајте со јаткастите плодови.
rn
Сендвич со пилешко и црвена пиперка
rnНаправете пире од печена црвена пиперка, маслиново масло, вински оцет и сол, а потоа намачкајте го на чијабата. Потоа додајте парче печено пилешко, рукола и други зачини по желба.
rn
Сендвич со свинско и кромид
rnКромидот оставете го да се динста во маслиново масло и малку вински оцет. За тоа време исечете тенки парчиња свинско и наредете ги врз едно парче леб. Потоа врз нив додадете го кромидот и поклопете со уште едно парче леб.
rn
Сендвичот на Елвис Пресли
rnОва неверојатно гурманско искуство стана популарно благодарение на тоа што Елвис Пресли постојано сакал да ужива во него. Помеѓу две парчиња премачкани со путер од кикиритки тој ставал банани и сланина сè додека можел да држи во раце.
rn
Багет Бистро
rnВо багетот ставете парче бифтек, а врз него кромид динстан во маслиново масло, домати, поточарка и сенф.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
