Упорно и со мали чекори, човекот може драстично да го промени начинот на кој реагира на секојдневни проблеми (стравови, непријатности…). Во денешниот брз свет, учиме да веруваме во негативни нешта, а позитивните едноставно ги пуштаме да поминат покрај нас, не дозволувајќи им да се задржат.rnrn
rnrnКултурата и образованието имаат големо влијание на начинот на кој ги обработуваме информациите. Важно е да уживате во она што го имате и да се ослободите од сè што ви е вишок. Имате проблем? Сметате дека фактот што постоите не е поубав од неплатените сметки? Зар моментот кога трчате не е поубав од постојаното преиспитување кога ќе си купите нов автомобил?rnrnШтом пројде едно мало позитивно искуство, како на пример, кога сме погледнеле низ прозорец, сме помирисале цвеќе, сме се сончале, сме си играле со дете… ние воопшто не уживаме во тоа, туку веднаш се префрламе на првата негативна мисла што ќе ни падне напамет и од тоа ќе направиме уште поголем проблем.rnrnТокму затоа и мора да почнете да вежбате да размислувате позитивно и да ги помните убавите чувства. Со повторувањето на позитивните дела и мисли вие ќе го зацврстите вашето психолошко здравје. Доволно е барем 10 секунди да уживаме со себе и да ги спознаеме нашите темелни потреби: сигурност, задоволство и поврзаност. Тоа е основата од која потоа со тек на време ќе создаваме чувство на задоволство, како и среќа дека сме живи и здрави.rnrnСреќата никогаш не зависела од имањето повеќе, туку од ослободувањето од вишокот. И секако, да бидете благодарни и среќни за тоа што го имате. Па, доколку сакате да го задржите вашиот здрав разум и да бидете многу посреќни во денешниот луд свет, почнете да ги применувате следниве совети:rnrn1. Негувајте ја самодовербата со помош на различни психолошки техникиrnrn2. Изградете цврсти емоционални односи така што поотворено ќе примате и покажувате емоцииrnrn3. Бидете во допир со природата, па барем 15-тина минути на ден излегувајте на свеж воздухrnrn4. Бидете играчи, а не навивачи – активно учествувајте во својот животrnrn5. Бидете физички активни, но не заборавајте ни на психичката активностrnrn6. Поставувајте граници во односите со луѓето околу вас и не дозволувајте да бидат срушениrnrn7. Внимавајте никого да не газите на вашиот пат кон успехотrnrn8. Внимавајте ни вам некој да не ве гази – поставете строги граници кон овие луѓеrnrn9. Бидете свесни за себе, за своите интереси и за плановите, но внимавајте и на туѓитеrnrn10. Љубовта е начин на живеење, па освен луѓе треба да го љубите и секој аспект од вашиот животrnrnПрочитајте ги и овие 7 начини брзо да го подобрите вашето психолошко здравје!
10 едноставни совети да го зачувате здравиот разум во лудиот свет
