rn
7. Емоционален глад
rn
rnrnПита од јаболка од мајка ви, кафе од позната кафетерија, студена лимонада на жежок ден. Ова се само неколку нешта кои сакате да ги консумирате, но не затоа што сте гладни. Во овој случај не се обидувате да го смирите само вашиот стомак, туку и вашата душа.rn
Како да го контролирате?
rnНе можете да го игнорирате емоционалниот глад, но можете да го контролите. Внимавајте на големината на порциите. Нема потреба да изедете сè и правете паузи за да забележите дали уште се чувствувате гладно.rn
8. Клеточен глад
rn
rnrnДали некогаш сте се запрашале зошто децата одбиваат да јадат одредена храна? Во овој случај не е проблем вкусот на храната, туку нивниот мозок којшто им кажува што да јадат, а што не му е потребно на телото. Но, како што растеме го игнорираме овој „глас“. Поради ова е потребно да разликувате што му е потребно на телото, а што бара вашиот ум. Ако сте жедни побарајте вода, не почнувајте да јадете.rn
Како да го контролирате?
rnТелото има потреба од витамини, минерали, соли, масти, јаглехидрати и слично. Потребно е да откриете што е она што ви е навистина потребно. Секогаш е подобро да испиете чаша вода пред да посегнете по храна бидејќи голема е веројатноста да сте биле само жедни.rn
9. Глад од стрес
rn
rnrnСигурно сте го слушнале ова безброј пати – кога сте под стрес или ќе се прејадете или ќе се изгладнете. Кога сме под стрес обично не обрнуваме внимание на она што го јадеме.rn
Како да го контролирате?
rnИако не е лесно, сепак не е невозможно. Потребно е да бидете практични и да размислите за последиците ако јадете без размислување. Застанете и погледнете се во огледало. Ќе сфатите дека само ќе си предизвикате повеќе стрес ако изедете многу.rn
10. Глад за време на работење или гледање телевизија
rn
rnrnДали и вие седнувате пред телевизор со пуканки или чипс? Многу луѓе се соочуваат со овој проблем. Некои јадат и додека работат на нивната работна маса. Едно истражување покажало дека јадењето со одвлечено внимание води до консумирање повеќе калории.rn
Како да го контролирате?
rnПред да го вклучите телевизорот, анализирајте колку навистина сте гладни и јадете пред да гледате нешто. Исто така рацете нека ви бидат зафатени додека гледате со плетење или што било друго наместо храна.rn
11. Глад од здодевност
rn
rnrnКога нема што да правите, едноставно сакате да го проверите фрижидерот. Штом ќе го направите тоа, сигурно ќе изедете нешто дури и ако не сте гладни.rn
Како да го контролирате?
rnКога ви е здодевно не значи дека треба да јадете. Читајте, играјте си со миленикот или пуштете музика и танцувајте. Ова слободно време нека ви биде за релаксација и искористете го паметно.rn
12. Полноќен глад
rn
rnrnДенес повеќето луѓе имаат лоши навики за исхрана. Нема одреден период за оброк и можно е често да се чувствувате гладни или незадоволни. За некои ноќното јадење е поради стрес, а за други причината е нерамнотежа на хормоните што го регулираат апетитот.rn
Како да го контролирате?
rnКажете си дека навечер спиењето треба да ви биде приоритет. До креветот чувајте некоја здрава ужина како бадеми или овошје, па дури и ако се разбудите за да јадете нема да консумирате нешто нездраво.rnrnAко постојано чувствувате глад, погледнете што би можело да биде причина за тоа.
