Сигурно ви се случило добро да се најадете, а по некое време да почувствувате дека сакате да каснете уште малку. Ќе каснете нешто и по некое време го имате истото чувство. Не секогаш за истата храна, туку некогаш ви се јаде благо, некогаш солено, но постојано сте гладни. Тоа сепак не значи дека навистина сте гладни. Понекогаш организмот го користи гладот за да ви соопшти нешто друго кое не значи дека треба да го отворите фрижидерот или барем не мора да јадете висококалорична храна.rnrn
rn
Треба да го регулирате шеќерот во крвта
rnКога нивото на шеќер ви е ниско, чувствувате недостаток на енергија кој сакате набрзина да го надоместите преку колачиња или нешто слично. Тоа може доста брзо да го покачи нивото на шеќер, но на долг рок нема да го реши проблемот. Ако постојано јадете благо кога ќе ви падне шеќерот, наскоро ќе ја покачите телесната тежина и ќе имате уште поголем проблем со него. Затоа посегнете по храна која содржи здрави јаглехидрати и протеини, како на пример житарици или зеленчук. Тие ќе го стабилизираат шеќерот и ќе ви ја убијат постојаната желба за благо.rn
Ви треба вода
rnАко постојано ви се јаде нешто солено, веројатно ви треба повеќе вода. Дехидрираноста значи дека имате малку електролити во крвта. Електролитите се минерали со чија помош организмот ја апсорбира водата и со кои обично се снабдуваме од солта. Напијте се вода кога ќе ви се пријаде солено и почекајте. Можеби токму тоа бил проблемот и немало потреба да јадете храна која не ви е потребна.rnrn
rn
Можеби треба да одите на лекар
rnАко желбата за солено се јавува пречесто, тоа може да биде сигнал за одредени хормонални нарушувања. Доколку ова се случува со вас, време е да направите неколку проверки кај лекар.rn
Не сте среќни
rnПотребата за чоколадо или нешто слично ви кажува дека не сте доволно среќни. Таквата храна предизвикува излачување на хормоните на среќата. Кога сте пропуштиле да го предизвикате тоа со некаква животна радост или активност, организмот си бара чоколадо. Затоа следниот пат кога ќе ви се случи тоа, барем дремнете или одете да вежбате нешто, а потоа и размислете што може да направите за да бидете посреќни.rn
Под голем стрес сте
rnНадбубрежната жлезда, која инаку излачува адреналин, работи напорно во моментите на голем стрес. Кога таа работи напорно вам ви се јаде солено. Доколку се најдете во ситуација да бидете под стрес, а истовремено сте многу гладни иако неодамна сте јаделе, тоа значи дека е време малку да се опуштите.rnrn
rn
Можеби ви треба поголема возбуда
rnНекои студии покажале дека потребата од зачинета храна значи потреба од доживување некакво воодушевување, односно некаква голема возбуда. Обидете се да правите нешто кое обично не го правите а е убаво, па можеби гладот ќе престане.rn
Можеби навиките се проблемот
rnКолку почесто јадете солено, толку почесто ќе ви се јаде солено. Колку почесто јадете благо, толку почесто ќе ви се јаде благо. Јадете разновидна храна за да го научите мозокот дека таа е добра за него. Доколку во вашата исхрана доминира благото, организмот тоа ќе го бара и тогаш кога не му е потребно.rnrn
rn
Ви треба сон
rnНедостатокот на сон предизвикува одредени краткотрајни нарушувања во мозокот кои може да се поправат со повеќе сон или со солена храна. Одберете го првото.rn
Можеби држите престрога диета
rnДобрата диета, односно режим на исхрана, е балансирана и содржи секаков вид здрава храна. Доколку таа не е балансирана, постојано ќе имате потреба од одреден вид храна, особено онаа нездравата. И наглото исфрлање на јаглехидратите или мастите може да го предизвика истото.rn
Можеби е месечниот циклус
rnГладот кај жените зависи и од месечниот циклус. Не може ништо да се прави против тоа, но може да си помогнете јадејќи нешто повеќе здрави јаглехидрати кои ќе ве снабдат со повеќе енергија, а тоа помага и при излачувањето на хормонот на среќата.