КАФЕ ПАУЗА

Според диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начин

Според диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начин

Гладот е навистина интересен феномен. Не само што е физичка, тој е и психичка потреба. Понекогаш се чувствувате како да можете да изедете сè, а понекогаш едвај каснувате 2-3 залаци. Па што всушност предизвикува глад? Дали е потребата на телото од храна, или има и нешто повеќе?rn

1. Очен глад

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnДобрите готвачи секогаш послужуваат чинии што изгледаат убаво. Торти, сладолед, вафли, сите овие продукти изгледаат неверојатно и не можете да им одолеете. Ова се нарекува очен глад. Кога ќе видите храна на некоја друга маса во ресторан, на реклама или каде било, веднаш сакате да ја пробате.rn

Како да го контролирате?

rnПренасочете го вашето внимание кон други убави нешта. На пример, ако сте во ресторан, веднаш погледнете некоја слика или што било друго што би ви го одвлекло вниманието. За брзо ќе престанете да мислите на оброкот.rn

2. Умствен глад

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnВо еден момент умот ви вели дека шеќерот е лош, а следниот имате огромна желба за нешто слатко. Овој вид глад е најтежок за контрола бидејќи и мислите и расположението постојано се менуваат. Умот е оној што ни кажува дали некоја храна е добра. Понекогаш умот ни кажува да не јадеме премногу бидејќи можеме да се здебелиме, а понекогаш ни вели воопшто да не се грижиме.rn

Како да го контролирате?

rnОбично умот донесува одлуки според информациите што ги добива. Па, важно е да се потсетувате за разликата помеѓу вистински и умствен глад. Можете да направите едноставен тест – секогаш кога мислите дека сте гладни и сакате да ја изедете тортата пред вас, замислете си дека е нешто што не ви се допаѓа многу. Ако навистина сте гладни би го изеле и тоа.rn

3. Ушен глад

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnДали сте слушнале како некој отвора нешто за јадење? Или пак сте слушнале доставувач на пица како ја носи порачката? Одеднаш посакувате и вие да порачате нешто. Едноставно, слушањето звуци од храна ви предизвикува глад.rn

Како да го контролирате?

rnСе разбира, не можете да ја сопрете вревата, но можете да ги сопрете гласовите што ви кажуваат да јадете. Пренасочете го вашето внимание кон нешто друго кога ќе слушнете звуци предизвикани од храна.rn

4. Глад од мирис

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnМирисот на добра храна може навистина да полуди некој. Мирисот на печен леб, свежо смелено кафе и слично ве тера да јадете повеќе.rn

Како да го контролирате?

rnСекогаш кога ќе го добиете оброкот, помирисајте ја секоја состојка и секој дел од оброкот одделно. Кога ќе започнете да јадете, мирисајте го секој залак. Ќе забележите дека ќе јадете помалку од претходно.rn

5. Стомачен глад

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnАко мислите дека ова е вистински глад, се лажете. Всушност не ни кажува стомакот дека сме гладни, туку ние му кажуваме него. Јадеме повеќе бидејќи имаме одредено време за оброк, а не бидејќи сме гладни. На пример, можеби не сте гладни попладне, но се одлучувате да направите пауза за ручек.rn

Како да го контролирате?

rnВнимателно забележете го вашиот глад. Дали стомакот ви е навистина празен или станува збор за здодевност или стрес? Исто така јадете бавно и престанете со јадење кога сте малку повеќе од половина „полни“.rn

6. Усен глад

rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnИма храна што е навистина превкусна. Многу често се прејадуваме од оваа храна. Желбата на устата се менува. Понекогаш сакате нешто луто, понекогаш нешто слатко. Ова не е вистински глад. Усниот глад е поврзан само со желбата за храна.rn

Како да го контролирате?

rnНе е лошо да ги слушате желбите на вашиот јазик. Но, секогаш можете да престанете со јадење кога ќе ви се задоволи желбата. Да изедете многу само поради вкусот не е паметно. Доста се 2-3 залаци за да помине желбата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn