rn
6. Свиленкасти нозе
rnСвиленкастите нозе не се резултат на напредна технологија за депилација, туку метод што го користат многу модели. Прво направете пилинг на нозете, па избричете ги. За најдобар резултат направете уште еден пилинг. Се разбира, не ја заборавајте кремата за навлажнување.rn
7. Универзална долна облека
rnМоделите често треба да сменат неколку парчиња облека во една фотосесија и немаат секогаш време да ја одбираат правилната долна облека за секое парче. Долната облека е најдобро да биде како бојата на вашата кожа за да можете да ја носите со секаква облека. Истото важи и за лакот за нокти.rn
8. Невидлива шминка
rnМоделите не треба да носат шминка за време на кастинг за дизајнерите да знаат како навистина изгледаат. Сепак, тие користат неколку трикови за да изгледаат свежо. За да ги сокриете несовршеностите на кожата употребете коректор кој совршено одговара на бојата на ваша кожа. Карминот нанесувајте го со прстите. Неговата боја треба да биде малку потемна од природната боја на усните. Истиот кармин можете да го употребите и како руменило. Моделите нанесуваат и сјај за усни на јаболкниците наместо хајлајтер бидејќи се впива во кожата и не остава видливи траги.rn
9. Природна брановидна коса
rnНе е едноставно да направите брановидна коса. Стилистите на моделите употребуваат пегла или фигаро за да го постигнат овој изглед, но ги прават локните во сите насоки. На крај нанесуваат малку лак за коса. За да постигнете изглед како од плажа, можете да нанесете и малку морска сол на прстите и да ја втриете во косата.rn
10. Сува масажа
rnМиранда Кер го трие целото нејзиното тело со сува четка од природни влакна. Многу жени го сакаат овој трик. Четката е совршена за отстранување на мртвите клетки и ја прави кожата нежна. Исто така ја стимулира циркулацијата на крвта и го намалува целулитот.rn
11. Без дамки од кармин
rnНасмевката со кармин на забите воопшто не изгледа убаво. За да го избегнете ова, нанесете малку вазелин на забите пред да го нанесете карминот.
Зошто да не пробате и некои од триковите за убавина на вашата баба?

