КАФЕ ПАУЗА

Хороскопот и возењето: Кои се најдобрите, а кои се најлошите шофери?

Хороскопскиот знак влијае и на вашите возачки особини. Американското истражување кое било спроведено на 100.000 студии покажало дека најмногу сообраќајни казни добиваат возачите коишто се родени во хороскопскиот знак Риби. По нив следуваат Овните, Водолиите, Јарците и Вагите. Најмалку казни добиле Девиците, Стрелците и Близнаците. Вагите учествувале во најголем број сообраќајни несреќи, а по нив следуваат Скорпиите, Јарците, Овните и Водолиите. Во најмалку несреќи учествувале Близнаците, Раковите и Лавовите. Забавувајте се и дознајте повеќе детали за возачките способности на знаците во продолжение.rnrnrn

Вага

rnВагата копнее за рамнотежа и не сака да носи брзи одлуки. Тоа не е добра карактеристика за возењето, бидејќи зад воланот честопати треба брзо да се реагира.rn

Водолија

rnИако и Водолијата е воздушен знак, исто како Вагата, таа е целосно спротивна на Вагата. Додека Вагата не сака да одлучува набрзина, Водолијата е доста импулсивна. Да го додадеме и тоа што со неа управува Уран, планетата која карактеризира брзина и немир, автоматски добиваме личност што воопшто не е сигурна во сообраќајот.rn

Овен

rnОвенот е егоцентричен знак и најчесто мисли само на себе, па има тенденција и да претекнува пред да ги провери намерите на другите возачи. Заради тоа евентуалната сообраќајна несреќа е скоро неизбежна.rn

Риби

rnРибите не се силни како Овенот. Но тие постојано мечтаат, а со оглед на тоа што возењето бара целосна концентрација, нешто што многу Риби едноставно не може да го овозможат, тие не се безбедни зад воланот.rn

Скорпија

rnСкорпиите се склони кон лудување на патиштата што е поврзано со нивниот инстинкт за одмазда на оние кои им направиле нешто лошо. Доколку им го пресечете правецот на патот, голема е веројатноста дека ќе ве следат за да го направат истото.rn

Бик

rnБикот пати од слични проблеми како другиот животински знак, Овенот. Знае да вози само по свое, а заради својата изразена тврдоглавост има тенденција да минува на црвено светло.rnrnrn

Стрелец

rnСтрелците сакаат да ризикуваат. За среќа, тие се искусни во тоа, но исто така сакаат да зборуваат, па често можете да ги видите како телефонираат додека возат, а добро е познато колку тоа може да биде опасно.rn

Јарец

rnЈарците често се фокусирани исклучително на целта што значи дека повеќе размислуваат за крајната дестинација отколку за тоа како ќе стигнат до неа. Може и да си мислат дека сообраќајните правила се напишани за другите возачи, за оние невнимателните, а не за нив.rn

Девица

rnДевиците се многу детални и систематични, па затоа секогаш се држат до пропишаната брзина и не им е тешко да застанат на кочницата. Единствено нешто што може да предизвикаат е редица од возила зад нив.rn

Рак

rnОвој воден знак е предодреден за семеен живот, па дури и на останатите соучесници во сообраќајот гледа како на членови од своето проширени семејство. Меѓутоа, Раковите се доста чудни, па на пример, може сосема непотребно да свират.rn

Близнаци

rnБлизнаците се одлични при мултитаскинг, па способни се да возат додека нанесуваат шминка, менуваат радио станици и пијат кафе. Секако, тоа никако не смеете да го правите додека возите бидејќи во тие моменти не ни можете да забележите колку ви е намалена концентрацијата.rn

Лав

rnОгнените Лавови се великодушни и сакаат да го делат патот со останатите возачи, а можеби па и нивното големо его ги тера да бидат најдобри возачи.rnrnДоколку сакате подетално да откриете како изгледате во целиот тој сообраќаен метеж, погледнете како хороскопскиот знак открива каков возач сте.