rn
7. Краставици
rn
rnrnОдбирајте краставици со светло зелена боја што се тврди. Ако краставицата е свежа, бојата ќе биде силна, без сјај. Сјајот е знак дека краставицата е ѓубрена со нитрати или е прекриена со восок.rnrnАко опашката на краставицата е исушена, краставицата е презреана. Исто така избегнувајте краставици со дамки или какви било оштетувања.rn
8. Банани
rn
rnrnОдбирајте банани со светло жолта боја. Малите точки на лушпата се знак дека бананата е зрела. Сепак, овие банани нема да траат подолго од два дена. Исто така немојте да купувате банани со големи темни дамки, ова е знак дека овошјето почнало да се распаѓа однатре.rn
9. Круши
rn
rnrnЗрелата круша можете да ја познаете по лесната арома. Овошјето не треба да биде ни премногу меко, ни премногу тврдо и не треба да има оштетувања на лушпата. Кафеавите точки во близина на опашката се знак дека овошјето не е свежо. Најчесто малку црвенило е знак за зрелост.rn
10. Киви
rn
rnrnКога одбирате киви, поставете го овошјето помеѓу вашите прсти и притиснете. Свежото овошје ќе биде меко, но еластично. Исто така обрнете внимание на мирисот – зрелото киви има силна цитрусна арома, а лушпата треба да биде без оштетувања.rn
11. Лимони
rn
rnrnЗрелиот лимон има сјајна кора. Овошјата со мазна кора се првиот род на дрвото. Овие лимони имаат поголема концентрација на корисни елементи. Ако кората е со многу грутки и дебела, овошјето има помалку пулпа.rn
12. Авокадо
rn
rnrnСекогаш обрнете внимание на бојата. Зрелото авокадо најчесто има потемна боја. На кората би требало да има малку дамки, но не многу големи. На крај погледнете го делот каде што стои гранката. Ако делот под него е зелен или жолт, можете да го купите овошјето. Ако е кафеав, авокадото е презреано.rnrnПрочитајте ги и овие познати митови за храната.
