rn
5. Научете ја разликата помеѓу крчкање и зовривање
rn
rnrnКога во рецептот ќе прочитате дека нешто треба да се крчка, тоа не значи дека треба да го засилите огнот и да чекате. Крчкањето е многу понежно од вриењето и има голема разлика кога станува збор за готвење.rn
6. Подготвувајте ја сланината во рерна
rn
rnrnАко ја подготвувате сланината на шпоретот во тава, тогаш си создавате непотребни проблеми. Кога ќе ја подготвите во рерна, нередот ќе биде помал, а ќе можете да подготвите поголема количина за помало време. Исто така ќе се подобри и вкусот на сланината.rn
7. Не ја подготвувајте количината шпагети „од око“
rn
rnrnСекој се нашол во оваа ситуација. Сакате да направите шпагети само за вас, а на крај добивате доволно за цело семејство. Но за среќа постои еден трик. Дупката во лажицата за шпагети е одлична за да измерите една порција.rn
8. Гответе храна за повеќе денови наеднаш
rn
rnrnАко подготвувате некој оброк, голема е веројатноста да ви останат голем дел од состојките. Па наместо да ги оставате на полиците и да заборавите на нив, искористете ги целосно и подгответе неколку оброци. Изедете го планираното денес, а остатокот нека ви биде за цела недела. Ова ќе ви заштеди и време и пари, а покрај тоа ќе го намалите и фрлањето храна.rnrnПогледнете ги и овие интересни и креативни деокрации за храна.
