„Шанел“ со нова хипнотизирачка реклама

Сподели

Француската куќа за висока мода дефинитивно донесе вистинска одлука со ангажирањето на Питер Филипс – креативниот директор на Chanel Make Up. Тоа е човекот кој успева да додаде елегантен, луксузен допир на буквално сè што е убаво и светкаво во светот на Шанел. Во ера на модата кога се прашувате што уште може да се измисли, Питер Филипс е оној кој моделите на Шанел ги прошета по пистите на високата мода со „дијамантски веѓи“ и оној кој од нешто веќе сосема неповратно, како привремените тетоважи, создаде вистински хит.Последната сензација креирана под палката на Филипс е промотивната реклама за новите Шанел кармини – Rouge Allure, претставувајќи дел од неодоливите 16 нови нијанси во хипнотизирачкото видео „Mirror, mirror“. Биле потребни цели 4 часа за да се нанесе секое парченце стакло и кристал посебно на лицето на моделот. А љубовта на Филипс кон светкавите нешта е повеќе од јасна:rn
rn

„Одблесокот е повеќе од само еден замрзнат миг. Тоа е еден синџир на слики, затоа што се движи, како огномет. И тоа е нешто што може да се види само во филмот или во реалниот живот.“

Реклама
Реклама

rnАко целта била да е невозможно да се одвојат очи, може да се каже дека е постигната.

Реклама
Реклама


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →
Следна: Ева Јовановска Евче – среда во 20:00

Најново

Може ќе ве интересира