rn
9. Расадник
rn
rnrnЛимоните можете да ги користите и за правење расад. Исцедете го сокот и ставете ги семките заедно со малку земја во лимонот. Потоа расадот можете да го ставите во саксија заедно со кората од лимонот.rn
10. Отстранете ја миризбата од обувките
rn
rnrnСтавете свежа кора од лимон во вашите обувки која ќе ги впие непријатните миризби преку ноќта.rn
11. Држачи за свеќи
rn
rnrnМожете да користете лимон, лимета или портокал. Отстранете ја пулпата и наполнете ја половината од овошјето со восок.rn
12. Подобрете го целокупното здравје
rn
rnrnКомбинацијата од лимонов сок и сода бикарбона го регулира нивото на лошиот холестерол, го чисти црниот дроб и е полна со витамин Ц. Додајте мала лажичка сода бикарбона и сок од половина лимон во чаша минерална вода и испијте го пијалакот наутро. Пијте го две недели, а потоа направете пауза од уште две недели.rn
13. Чистење нерѓосувачки челик
rn
rnrnКорите од лимон со сода бикарбона ќе ги направат површините од нерѓосувачки челик блескави.rn
14. Отстранете ги дамките од бобинки
rn
rnrnКога подготвувате свежи бобинки сигурно ќе си ги извалкате рацете. Сокот од лимон ќе ви помогне да ги отстраните дамките од вашата кожа. Исто така можете да ги отстраните и дамките од вашата облека. Исперете ја облеката со ладна вода, а потоа неколку минути оставете ја во сок од лимон.rn
15. Ослободете се од инсектите
rn
rnrnЗа да ги држите мравките настрана од вашиот дом, ставете малку лимонов сок на прозорците и на вратите. За да се ослободите од комарците, на лимон пресечен на половина ставете неколку суви каранфилчиња.rn
16. Избелување на пазувите
rn
rnrnКиселоста на лимонот ќе ја осветли вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите клетки. Секој ден пред да се туширате, истријте ги пазувите со парче лимон. Се разбира, не заборавајте да нанесете и крема за навлажнување бидејќи лимонот ја суши кожата. Резултатите се видливи по само 7 дена.rnrnПогледнете и зошто кората од лимон е најевтината инвестиција за вашето здравје.
