Според една неодамнешна објава во „New England Journal of Medicine“, докторите детално објаснуваат сосема различни случаи на две жени кои доживеале „преодно слепило предизвикано од смартфон“ во период од неколку месеци.rnrn
rnrnДокторите идентификувале сосема нова опасност од употребата на смартфоните, која засега изгледа дека не е со трајни последици по здравјето на корисниците. Тие велат дека се појавил првиот случај на „преодно слепило предизвикано од смартфон“ – состојба во која настанува привремено губење на видот кое делува безопасно. За двете жени од Велика Британија кои страдале од неа, слепилото настанало така што ги користеле нивните смартфони додека лежеле на страна во темна просторија, каде едното око гледало во светлиот екран, а другото било блокирано од перницата.rnrnОва предизвикало едното око да се навикне на темнината, а другото на светлината. Кога смартфонот ќе се исклучи, симптомите се појавувале во она око со кое пациентите гледале во светлото од екранот. Со други зборови, окото навикнато на темнината лесно можело да гледа во темната просторија, додека тоа кое навикнало на светлината изгледа страдало од целосно слепило на краток рок.rnrnЗа двете жени, кои биле на возраст од 22 и 40 години, губењето на видот траело до 15-тина минути во даден момент, во текот на неколку месеци. Тие поминале низ многу тестови додека конечно еден очен специјалист не ја открил причината за губењето на видот.rn
„Едноставно ги прашав што точно правеле кога ова се случувало“, вели д-р Гордон Плант, очен специјалист.
rnЕдна од жените, која се сомневала во дијагнозата, почнала да води детален запис на инцидентите со губењето на видот, што ја докажало поврзаноста.rnrnИако станува збор за само 2 жени ширум целиот свет, сепак тоа не значи дека овој проблем не може повеќе да се рашири. Токму затоа и секогаш гледајте во вашиот смартфон со двете очи кога сте во темна просторија.