Што ако ви кажеме дека вашата на моменти здодевна зависност од кофеин може да ви донесе повеќе придобивки отколку што некогаш сте верувале? Да, секојдневната доза кафе во утринските часови дава незаменлива енергија, но како би реагирале ако ви кажеме дека таа исто така може и да ви го продолжи животот?rnrn
rnrnЕдна неодамнешна студија спроведена од страна на Универзитетот Стенфорд, ни открива дека кафето може да ни помогне да се бориме против хроничните процеси на воспаленија што се јавуваат подоцна во текот на животот. Со помош на крвна слика, направена на повеќе од 100 учесници во студијата, научниците успеале да најдат поврзаност помеѓу прераното стареење, систематичното воспаление, кардиоваскуларните болести и пиењето кафе.rnrn
rnrnСтудијата ги нагласува хроничните процеси на воспаленија што најчесто ги доживуваат постарите луѓе и кои се активни предизвикувачи на кардиоваскуларните болести. Згора на сè, овие процеси ги зголемуваат шансите за смрт. Дејвид Фурман, водечкиот автор на истражувањето, открива дека повеќе од 90% од болестите што не реагираат на лекови во староста се поврзани со хроничното воспаление. Па, како нашиот омилен пијалак ни помага да се бориме?rnrn
rnrnОдамна е познато дека кофеинот се поврзува со долговечноста. Многу студии ја покажале оваа врска. Но, тоа што научниците со ова истражување откриле е причината за таа поврзаност. Изгледа дека механизмите што ги предизвикуваат воспаленијата се неактивни кај оние што редовно пијат пијалаци со кофеин, како кафето. Резултатите дошле како изненадување за научниците што воопшто не ја ни испитувале оваа поврзаност.rnrn
rnrnПа, ако сакате да живеете подолго, тогаш не се откажувајте од вашиот омилен кофеински пијалак. Оваа студија ни дава само уште една причина плус зошто треба да продолжиме да уживаме во утринската шолја кафе.rnrnАко ви се потребни повеќе причини за уживање во кофеинот, прочитајте и за 5-те предности од секојдневната консумација на кафе!
Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот живот
