Еден од најстарите обичаи без кој не може да помине ниту една венчавка е моментот кога невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со торта. Истраживме од каде всушност поттикнува оваа традиција и што таа претставува.rnrn
rnrnВо стариот Рим, а подоцна и за време на Средниот век, гостите свадбената торта ја фрлале кон главата на невестата, бидејќи се верувало дека тоа носи среќа и плодност. Потоа, гостите ќе се собереле и земале парчиња торта од невестата, и ги носеле со себе дома за среќа. Постои и мит дека девериците своето парче торта го земале дома и го ставале под перницата во текот на ноќта надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа да пронајдат сопруг.rnrnВо Средниот век постоела и традицијата според која гостите ределе торти, колачи и печива едни врз други и ако младенците успееле да се бакнат преку таа кула без да ја срушат, се верувало дека нивниот заеднички живот ќе биде полн со благосостојба.rnrnСо тек не време во тортите започнало да се става овошје како симбол на плодност, а се верувало и дека на невестата ќе ѝ донесе плодност ако сама ја исече тортата и ја сподели со гостите. Кога започнале да се подготвуваат торти на повеќе ката, на невестата ѝ требало помош за да успее да ги послужи сите гости до полноќ.rnrnМладоженецот започнал да ѝ помага, и така сечењето на тортата симболички започнало да се смета како нивна прва заедничка задача како брачен пар и почеток на нивниот заеднички живот како партнери.rnrnНаскоро невестата и младоженецот започнале меѓусебно да се хранат со торта како симбол на обврзување дека ќе се грижат еден за друг и начин на славење на нивниот нов заеднички живот.rnrn Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата го фрла букетот на венчавката?
Зошто невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со торта на венчавката?
