КАФЕ ПАУЗА

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Written by

in

,

Никој нема да ве предупреди за искушението да ја искористите вашата прва картичка и за тоа како чувството на независност ве тера да трошите повеќе од потребното. Кога сте подготвени да заштедите, првото нешто што треба да го направите е поставување на неколку цели. Кога ќе целите кон нешто, напорната работа може да ви стане полесна. Ова не значи дека штедењето ќе биде лесно и брзо, но барем ќе бидете мотивирани. Откажувањето од неколку кафиња неделно може навистина да ви помогне во иднина. Па погледнете кои се нештата за кои би требало да почнете да штедите уште во вашите 20-ти.rn

1. Гарнитура што навистина ќе го надгради вашиот простор

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно вашиот апартман е уреден со покуќнина што сте ја добиле од семејството или со нешто навистина евтино. Можеби сонувате за совршено уредена дневна, но важно е да знаете дека ова чини пари. Па, почнете со штедење уште сега. Квалитетната гарнитура ќе ви трае со години и навистина ќе ви го разубави животниот простор.rn

2. Дом што можете да го наречете само ваш

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnМожеби веќе ви е преку глава секој месец да плаќате кирија. Можеби секоја година киријата се зголемува, соседите се неподносливи или сте присилени да го делите станот со цимер со кој баш и не се согласувате. Можеби дури и треба да се селите секоја година. Сето ова е навистина заморно. Веројатно гледате кон иднината и сакате место кое можете да го наречете само ваше. Оваа слобода навистина вреди, па почнете да штедите уште сега.rn

3. Вашиот автомобил од соништата

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно во вашите 20-ти немате сопствен автомобил и го користите оној на родителите. Доколку ви е потребен, автомобилот треба да биде приоритет на вашата листа. Без разлика за каков автомобил сонувате, знаете дека ќе го користите со години за работа и забава, па сериозно размислете за штедење.rn

4. Незаборавно големо патување

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnАко сакате искуства, веројатно сонувате за некое големо далечно патување. Засега најверојатно можете да си дозволите кратко патување во некоја блиска држава, или престој во некој друг град. Без разлика кој е вашиот одмор од соништата, би било добро да го остварите. Најдобро е да почнете да штедите уште сега за ова искуство, за полесно да ги поднесете трошоците кога ќе дојде моментот за тоа.rn

5. Домаќински апарати што ќе траат со години

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnМожеби сега имате неколку апарати во домот кои се постари и не се во најдобра состојба. Сепак, се снаоѓате и со нив. Ова не значи дека не сонувате за нешто ново. Па, собирајте пари за да купите апарати што ќе функционираат како што треба и што ќе ви траат со години.rn

6. Членство во квалитетна теретана

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnКога барате теретана, најверојатно ќе се одлучите за најевтината, но не значи дека не сонувате за некоја подобра. Квалитетните теретани нудат соба со пареа и сауни, добро подготвени тренери и сè што е потребно за да бидете во најдобра форма. Па целта нека ви биде да заштедите за некоја добра теретана, која сега не можете да си ја дозволите.rn

7. Гардероба што ќе трае

rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно облеката ви е од голема важност во 20-тите. Во добриот гардеробер треба да има облека за работа, облека за забава и удобна облека за викендите. Наместо да купувате парчиња на попуст кои се распаѓаат по првото перење, обидете се да заштедите и да инвестирате во облека која навистина ќе го издржи тестот на времето. Можете дури и да се почестите со некоја дизајнерска чанта.rnrnДоколку навистина трошите многу, овие совети ќе ви помогнат да почнете со штедење.