КАФЕ ПАУЗА

Зошто мачките секогаш нѐ игнорираат кога ги повикуваме?

Зошто мачките секогаш нѐ игнорираат кога ги повикуваме?

Сигурно понекогаш се прашувате зошто вашата мачка не реагира кога ѝ се обраќате. Вистината е дека мачките си го препознаваат своето име. Па тогаш зошто не се вртат кога им зборуваме? Затоа што едноставно не сакаат. Уф, тоа болеше.rnrnЗошто мачките секогаш нѐ игнорираат кога ги повикуваме?rnrnСпоред една јапонска студија, мачките реагираат кога ќе си го чујат своето лично име. Тогаш како би го објасниле ова чудно однесување?rnrnНивните имиња се најчестите звуци што ги слушаат од нивните сопственици. Затоа, врската помеѓу повикувањето на нивното име и добивањето награда или казна, може да влијае на однесувањето на мачките.rnrnОва значи дека нивните лични имиња може да ги асоцираат на добивање награда, на пример храна, милување или играње, или пак, казна како посета на ветеринар или бањање. Понекогаш сопствениците кои имаат повеќе мачки ги повикуваат сите во исто време, па мачката лично си го препознава своето име, но и на другите во групата.rnrnКога се работи за мачки коишто живеат во прифатилишта или на улица, тие не препознаваат ниеден збор што би ги асоцирало на награда или казна, се вели подолу во студијата.rnrnЗАКЛУЧОК: Иако комуникацијата помеѓу мачките и луѓето не е целосно истражена, со оваа студија се покажува дека мачките може да научат кога некој предмет или место се смета за опасно. Но доколку ги повикате по име и не ви обрнуваат внимание, не значи дека не ве слушнале, туку едноставно така решиле. И доказ за тоа е дека тие ги придвижуваат ушите или гледаат во вас. Дали гледате дека ве разбираат? Жал ни е што ќе ви кажеме, но тие сепак претпочитаат да ве игнорираат.rnrnДоколку ве интересира, прочитајте и за овие 29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките.rn

Автор: Весна Куковска