Ако копнеете по малку луксуз, задолжително „прошетајте“ низ овој прекрасен стан со поглед кој го одзема здивот. Ова гламурозно место за живеење се наоѓа во Лос Анџелес и навистина изгледа како дом на некоја холивудска ѕвезда. Од пространата тераса со бел мебел има панорамски поглед на градот. Замислете само да пиете кафе секое утро на таква тераса и да уживате во волшебниот поглед.
Како и многу куќи и станови во Лос Анџелес, и овој има базен, а искуството е уште повеќе посебно бидејќи базенот нуди и бесконечен поглед кон градот. Воодушевени сме и од стаклениот ѕид на терасата што го отсликува прекрасниот зелен пејзаж. Внатрешноста е украсена во совршена хармонија на еклектичен стил, рустикален, рококо, модерен и уште неколку, што докажува дека разликите можат да функционираат совршено заедно и да се надополнуваат едни со други. Бањата со црна када е концепт на висока елеганција, додека атмосферата во дневната соба навечер се претвора во чиста магија.
Погледнете ги овие 10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домот.

