КАФЕ ПАУЗА

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

Мачките се интересни, неверојатно слатки и можат да ви го одвлечат вниманието од што било. Но, што е она што ги прави толку посебни? Причината е нивниот карактер. Или пак можеби начинот на којшто предат додека ги галиме. Секој изговор е добар кога станува збор за обожување мачка. Во продолжение, погледнете неколку фасцинантни факти за најомиленото домашно милениче на речиси секој.rnrn29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачкитеrn

1. Мачките можат да направат над 100 различни вокални звуци

rnЗа споредба, кучињата можат да направат само 10. Веројатно и вие ги имате забележано разните мјаукања, предења и звуци на мачките. Исто така, мачките имаат посебен звук кој го користат кога ќе видат плен во далечина.rn

2. Можат да го препознаат гласот на нивниот сопственик

rnМачките можат да ги разликуваат гласовите на странците и на сопственикот. Но, во нивната 9000-годишна еволуција, тие отсекогаш биле со слободен дух и не го слушаат сопственикот.rn

3. Иако црните мачки се симбол за лоша среќа, тие нудат повеќе љубов

rnВо Англија, црните мачки се сметаат за одличен подарок за свадба. Во Франција, се верува дека имањето црна мачка носи добра среќа. Во Јапонија и другите азиски држави, чувањето црна мачка ве прави господар на вашата иднина.rn

4. Постојат 44 регистрирани раси на мачки ширум светот

rnТрите најпознати видови се персиска, мајне кун и сијамска мачка.rn

5. Првата мачка во вселената е од Франција

rnВо 1963-та година, мачката Фелисет била лансирана во вселената. Таа имала електроди во нејзиниот мозок кои испраќале сигнали до Земјата. За среќа, мачката била безбедно вратена од патувањето.rnrn29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачкитеrn

6. Имаат почувствителен слух од кучињата и луѓето

rnЛуѓето можат да слушаат од 20 Hz до 20 kHz. Кучињата можат да регистрираат звук и до 40 Hz. Мачките можат да слушаат фреквенции и до 64 kHz.rn

7. Брзина

rnПокрај добриот слух, мачките можат да достигнат брзина од 50 километри на час. Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, може да трча со 45 километри на час.rn

8. Предењето е најосновната активност на мачките

rnСепак, на научниците не им е целосно јасно како функционира ова. Повеќето ветеринари веруваат дека станува збор за вибрирање на гласните живи.rn

9. Мачките најчесто имаат од 1 до 9 малечки

rnВо 1970-та година, една мачка од Велика Британија родила 19 маченца, од кои 15 преживеале.rn

10. Мачките ни дават до знаење кој е главен

rnДоколку го оставаат изметот неоткриен, мачките се обидуваат да ви покажат кој е главен, особено ако има и други мачки во домот. Ова потекнува од нивните диви предци, кои ја обележувале територијата и на овој начин ја демонстрирале нивната моќ.rnrn29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачкитеrn

11. Мозокот на мачката повеќе наликува на човечкиот, за разлика од кучешкиот

rnМозоците на мачките имаат набрана површина и структура како и нашите. Исто така тие имаат центри многу слични на нашите.rn

12. Првата мачка живеела пред 30 милиони години

rnПрвиот праисториски роднина на мачката е познат како Proailurus lemanensis. Семејството домашни мачки се појавило пред 12 милиони години.rn

13. Најголемата мачка е сибирскиот тигар

rnСибирскиот тигар може да има должина до 3,7 метри и да тежи до 318 килограми – колку мал автомобил. Најголемата мачка со педигре е мајне кун, која може да тежи и до 11 килограми.rn

14. Мачките мразат вода

rnМачките не ја сакаат водата бидејќи нивното крзно не ги штити ефикасно. Но има еден вид од Централна Азија кој сака да плива.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn